Индивидуалниот човек станува жртва на колективни психози. Има страшно стеснување на свеста, гушење и потиснување на многу суштински човечки особини, целокупниот склоп на емоционалниот и интелектуалниот живот на човекот. Единството не се постигнува преку полнота, туку преку сѐ поголема и поголема ограниченост. Нетрпеливоста е слична на завидливоста.
Велики Еремио, слуго Божји,
ти тивок ветру пред срцето на луѓето,
чувару на заветниот ковчег,
огнот свет сочувај го во душата на секој човек,
и иконата во срцето на Христијанинот,
Ќе се обидеме да разгледаме три големи чекори - самоспознание, братопознание и богопознание. Ова се трите важни фази на духовниот живот. Трите односи на човекот, кои се делови што ја составуваат сликата на неговото спасение.
.
Затоа ве молам што почесто да доаѓате во храмот и да го слушате читањето на Светото Писмо. Правете го тоа не само кога сте во храмот, туку и во домот земајте ги во рака Светите книги и ревносно наоѓајте во нив корист за себе. Зашто голема е користа од нив: прво, од читањето умот се просветува, и душата добива крилја и станува возвишена,
Тропар
Ти си бил избран апостол, и на возљубениот Богослов брат еднороден, сефален Јакове. За оние што те воспеваат, испроси прошка на гревовите, за душите наши – милост голема.
Поборнику на Православието,
на покајанието и на молитвата
сигурен учителу и делатнику,
на архиереите боговдахновен украсу,
Но, од сите значајни настани од животот на Господа, го славиме најголемиот, оној што надминува секаков ум - Воскресението на Господа; и ние го славиме не само секоја година, туку и секој осми ден. Првото, значи, празнување, односно обновување на овој настан е токму оваа недела, која со право можеме да ја наречеме и осми и прв (ден). Осми - во однос на Пасха, а први - како почеток на
Едно од најсветлите е кога подвижникот Арсеније отишол од испосницата во манастирот. Пред него видел инвалид во количка како се мачел да се движи, но неговите раце биле на земја. Ја зел мантијата во себе - бил физички здрав, го преметнал на рамо и тргнал во манастирот. Одејќи таму, виде дека сите браќа се собраа надвор и помисли дека чекаат некои амбасадори.
✜✣✜
„Од сите чувства на срцето само едно, во неговата состојба на пад, може да биде употребено во невидливото Богослужење: тагата поради гревовите, поради гревовноста, поради падот и својата пропаст – наречено плач, покајание, скрушеност на Духот“.
Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит, а не само од просто верување и читање книги. Затоа што, посебно, самото интелектуално знаење за Бог не ни носи сигурно спасение, а најчесто ни носи гордост,
„Значи, кој може да се спаси“, ќе рече некој, откако ќе ги воочи тешкотиите на самопоправањето? – Ќе одговориме со зборовите на Спасителот: „за луѓето ова е невозможно, но за Бог сѐ е возможно“. Оној што решил да живее христијански живот преку Светите Тајни добива благодат од Светиот Дух Кој просветлува, укрепува и теши.
Непоколебливи во верата света како гората Сион,
огнена ревност имајќи како Илија,
вие свети девет маченици словото Божјо до крај го запазивте,
молете се за нас сега претстојувајќи пред престолот Божји,
затоа што слобода имате пред Оној Кој вашите мошти,
Дури и најголемиот од философите, Сократ, кој расправал и поучувал целиот свој живот, а при крајот сочинил една содржајна „Апологија“, ќе имал што уште да каже, ако живеел.
Само Христос – во временски рамки од три години – поучувал што требало, правел што требало и на крајот (на Крстот)
Велик си Ти Господи во срцата на Твоите апостоли,
Јасон и Сосипатар, кои Тебе Жив имајќи Те,
чудеса твореа, ѕверови скротуваа,
кон спасение седум разбојници приведоа,
а Керкира девица света кон ангелска светост поита
По многу години, кога големиот храм се закануваше да падне, се јави Богородица и го држеше, додека излезе надвор мноштвото народ, и никој не беше повреден. Истата оваа вода, пиена, исцели многу бесни и ослободи од оковите многу затвореници. Таа го излекува и царот Лав (Мудриот) од каменот од којшто страдаше, и ја згаснал треската (високата температура)
Невозможно е да се наведат сите чуда источени од Животодавниот Извор преку кои беше излеана благодат врз цареви, патријарси, врз големци како и врз обични луѓе. Силата на благодатта до денешен ден дејствува преку изворската вода. Таа сила лично ја имаат доживеано не само православни христијани, туку и католици, Ерменци, па дури и Турци.
Богоблагодатна Дево, од Твојот извор кој тече непрестајно, Ти ми даваш вода од Твојата благодат неискажливо. Затоа Ти се молам Тебе, Која надумно Го роди Словото, пороси ме со благодатта, за да Ти повикувам: Радувај се, водо спасителна!
Воведенски Храм Населба Рача