Тропар на светиот
Христов сиротохранител
Зотик
31 декември / 13 јануари
О, блажен си ти Зотик,
тврдино на верата, уподобен на милосрдието,
од Христа се поучи во човекољубието,
болните, губавите и отфрлените,
тебе во Бога за сокровиште те имаат,
име во молитва ти споменуваат и Бога го прославуваат, радувајќи се што таков застапник,
пред Него имаат.
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче
Православен календар за 13/01/2024
ТРОПАР
Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.
Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.
Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.
Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.
ПреминПортал
2024 лето Господово
Од Верскиот календар:
Житие: Преподобниот маченик Зотик Сиропитател (хранител на сиромашните)
Беше угледен според потеклото и чинот. Се пресели во Цариград, отфрли од себе с ѐ светско и прими свештенички чин. Основа дом за сиромаси и во него самиот лично ги примаше и ги негуваше болните од чума. Му беше личен познаник на царот Константин Велики. Затоа што зеде злато од царот и го потроши за болните од чума, Kонстантиновиот син, царот Констанциј, го фати и го врза за една дива маска, којашто ја гонеа додека светителот не издивна во рани. Пострада во 6 век.