Излезе од печат романот "Црвена Месечина" на писателката Вера Симовска
Сензибилитетот на писателката Вера Симовска во ликот на Рина е вистинско откровение. Тоа е глас на многу повредена личност, која била повредена уште во детството, без поткрепа и духовно водство во младоста, а која успеала од најтрагичните моменти кои можат да му се случат некому да испелете приказна која привлекува и вовлекува кон сострадание и