Дошол еден млад искушеник во манастир, и духовникот го прашал:
„Како ме гледаш чедо?“
Младиот искушеник му одговорил:
„Како Самиот Бог“.
По три години станал монах, и духовникот пак го прашал:
„Како ме гледаш, чедо?“
Младиот монах одговорил:
„Како ангел Божји“.
По три години духовникот го прашал пак:
„Како ме гледаш, чедо?“
„Како светител“ – одговорил монахот.
По три години пак истото прашање, а монахот одговорил:
„Како монах“.
По три години старецот пак го прашал монахот:
„Како ме гледаш, чедо?“
А овој му одговорил:
„Како човек“.
По три години стариот духовник го прашал својот монах:
„Како ме гледаш, чедо?“
А монахот му одговорил:
„Како ѓавол!“
Превод од грчки јазик:
Свештеник Јани Мулев