логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Дарот на простувањето е поголем од дарот на исправување  со казнувањето. Немој поради сето тоа  да ставаш забелешки - помалку и трпи премолчувајќи,  и гледај го тоа  низ прсти: „Љубовта сè покрива и сè трпи“.

Старец Сава Псково - Печерски

 

 Друго:

 

 TVIT830.Sava.pstvo..Pecherski

  • КОЕ Е ЗНАЧЕНИЕТО НА “ГОСПОДИ ПОМИЛУЈ”

       Милоста Божја е благодатта на Светиот Дух, која постојано треба да ја просиме од Бога, повикувајќи:

             ГОСПОДИ, ПОМИЛУЈ!
Дај ми силен дух, духот на светлоста, духот на стравот, духот на мирот, духот на чистотата, духот на кротоста, духот на смирението, духот на љубовта. И кој со чувство довикува “Господи помилуј”- соединувајки ги овие зборови со дишењето, односно при вдишувањето на воздухот во себе произнесува,„Гoсподи” а при издишувањето „Помилуј” во него поради таквото изговарање се осветува и очистува карактерот, совеста, душата и срцето, и тој ќе го добие просеното од Бога.

А кој пак, од навика ќе ги изговара овие зборови, тој нема да може да стекне милост од Бога, бидејќи веќе добил голема милост.

             Како таквиот христијанин да добие уште милост од Бога, кога не знае и не чувствува дека добил многу милост од Него, и дека ги изговара овие зборови само следејќи го обичајот.

Старец Сава Псково-Печерски

2023

 TVIT830.Sava.pstvo..Pecherski1

За осудувањето – Старец Сава Псково-Печерски


             Светата Црква нé моли и предупредува: „Не судите за да не ви се суди!“ Особено во никој случај не треба да се осудуваат свештениците. 21-вото правило на IV Вселенски Собор гласи: „Од клирот или мирјаните кои имаат поплаки против епископите или клириците, не треба да се прифаќаат поплаките без проверка, туку прво треба да се испита јавното мнение за нив.“

Заради порокот на осудување, човек може да стане пијаница, блудник или дури и разбојник, затоа што тој грев кој ние го забележуваме и осудуваме кај ближните, задолжително и нам во иднина ќе нé заведе.

Чеда! Избегнувајште го осудувањето. Осудувајќи некого, ние повторно Го распнуваме Господа и Светиот Дух го гониме од себе.

А и кој си ти кој си се дрзнал да го осудуваш својот ближен? Ако Господ го гледа безаконието на грешникот и не го казнува, туку трпи, кој тогаш ни дал нам право да го судиме (тој грешник)? Бидејќи ако го одземеме од Господа чинот на Судија, тогаш ние стануваме антихристи т.е. противници Божји.

Да се плашиме од осудувањето! Милостиво да снисходиме кон немоќите на луѓето околу нас, за на нас да се исполнат зборовите: „Блажени се милостивите, зашто ќе бидат помилувани.“

Драги чеда! Да се воздржиме од расправање за туѓите постапки, смирувајќи се со тоа дека не е во прашање осудување, туку само расудување. А ако се случи да си дозволиме себеси вакво „расудување“, тогаш треба да зборуваме за постапките на ближните само низ својот сопствен пад т.е. со потполно сознание за својата ништожност, вака:

Јас не можам да го осудам грешникот за пијанство и разврат, затоа што самиот јас убивам луѓе со лоши постапки и зборови. А сите заповеди ни ги даде Самиот Законодавец. Оној Кој рекол: „Не напивајте се со вино“ исто така рекол и: „Не убивај“. Значи, и јас сум престапник на законот, тогаш како можам да го осудам паднатиот?

Расудувајќи на овој начин, ја ублажуваме вината на ближниот и ќе ја видиме својата сопствена вина.

Да се трудиме, браќа, непрестајно да ги оттргаме мислите на осудување и да Го молиме Господа: „Дај ми да ги водам моите прегрешенија и да не го осудувам мојот брат!“ (Маран Ата)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3210
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7694
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная