логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT1090.vodokrst

                    Во својата немудра историја, човекот предизвикал два безобѕирни (дрски) бунта. Првиот го направил против својот создател Бог, а вториот против самиот себе и својата природа.

                    Не постои друг пат освен спасението, освен искрената исповед, за да се воспостави она што преку овие два бунта е изгубено. Враќањето кон Бога зависи од ова толку, колку што и во природните дисциплини е потребно строго вежбање. Нашето ослободување од насилството на беззаконието, кое поради нашата лоша постапка ни е наметнато како втора природа, не може да биде постигнато без подвиг. Ова е причината поради која Отечкиот пат, и воопшто строгиот подвиг, се неопходни.

                   Еден вид на овој бунт на човековата природа, опишува и пророкот Давид: „И човек што живее неразумно, заприлега на животните што загинуваат (Псалм 48, 12). Ете ја полнотата на нашата погибел, во целата своја големина! Ако човекот, со сите свои сили не ѝ се спротистави на својата бесмислена состојба, умира со двојна смрт. Строгоста во подвижничките напори кај Отците го изразува исправањето на несреќата, која врз нашата природа била навлечена поради отфрлувањето на Божјата волја.

И покрај сите правила на природниот закон, нашата словесна природа има една друга обврска. Да се вподоби и сообрази со Господовиот живот, како свој пример (прототип). Сите сведоштва за добродетелниот живот на нашиот Господ, го имаат за цел нашето усовршување, за да го спознаеме активниот начин за остварување на нашите должности, затоа што после падот сме во целосно отпадништво. А законот за оздравување, повеќе од сѐ, наложува враќање и должност во љубовта.

Иако нашата потполна вина и одговорност нѐ обврзуваат да чувствуваме колку сме должни, животот во Христос ни открива дека нашиот Спасител и Бог, се однесува кон нас како да сме еднакви со Него. Последицата од тоа е дека ништо не нѐ приморува на сила. Самиот вели: „Каде што сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга“, со претпоставка дека слугата ќе Го следи до крајот „сѐ до Крстот“. Оние што го примаат спасението, ова не треба да го разберат како метафора во некоја приказна, туку како пат кон обожението. Меѓутоа, тоа обожение во потполност зависи од нашата насоченост во животот, во кој, за да го здобиеме обожението, треба секогаш да бидеме свети.

starci

Многупати, Отецот, во Светото Писмо повторил и докажал дека Христос е Неговиот љубен Син. Меѓутоа, Христос вели дека сите оние што ја извршуваат волјата на Отецот, Тој (Отецот) ги љуби како и Својот Син: „Но не се молам само за нив (апостолите), туку и за оние, што по нивните зборови ќе поверуваат во Мене… и славата што си Ми ја дал, ним им ја дадов… и да дознае светот… дека и нив си ги возљубил, како Мене што Ме возљуби. Отец, сакам и оние што си Ми ги дал да бидат со Мене, каде што сум Јас, за да ја гледаат Мојата слава што си Ми ја дал… и им го објавив Твоето име, и ќе го прославувам, за љубовта со која Ме возљуби Ти, да биде во нив, и Јас во нив“ (Јован 17, 20-26).

Ваквите зборови, кои во целата човекова историја никогаш не се чуени од уста на созданијата, можат да бидат разбрани единствено како зборови на никој друг освен на Самиот Бог, односно дека за тоа не е потребно никакво дополнително истражување или потврда. Јасно е, особено во ова наше време, колку е намалена и искривена вистината за Божјото откровение во човековата егзистенција и неговата конечна назначеност. Тоа е вистинско непознавање на секоја причина за неговото достоинство и неговата победа. Од човекот се бара особено внимание и трезвеност, за да ја исполни својата определеност, бидејќи во него се обновува и сета создадена природа, која паднала во распаднивост. Зашто, според Господовите зборови: „каква е ползата за човекот, ако целиот свет го здобие а на својата душа ѝ наштети?“ Навистина, „целиот свет е во зло“. Злото се состои во тоа што човекот е поробен од гревот. Воспоставувањето на човекот, и неговото спасение од состојбата во која се наоѓа, неговото враќање во состојбата пред падот, и повеќе од тоа, влезот во „секоја благодат“, во Божјиот живот, во преобразувањето, во обожението – поради кое и се остварило воплотувањето на Божјот Син – зависи од соработката (синергијата, содејството) помеѓу Бог и човекот.

Овде повторно ќе подвлечеме, заради оние што го љубат сезнаењето, дека без подвиг на вистинското место, ништо не може да се поправи. Затоа што Бог е една непроменлива и потврдена Вистина. Бог сака „сите луѓе да се спасат и да ја спознаат Вистината“. Меѓутоа, за бедниот човек, реалноста е безизлезна, и тој не може да биде исцелен единствено со трпеливиот подвиг. Ете зашто Црквата во време на прогонот ги востановила отшелништвото и осаменоста. Слабиот и наклонетиот кон злото, човек, немоќен да ги совлада сегашните причини поради кои е постојано во борба, избрал да се одвои од самите тие причини.

Сеќавањето на нашиот Господ, кај сите оние што сакаат да се борат за да се овенчаат (победат), и јасното упатство за достигнување на највиското достоинство во кое нѐ водат Христовите дарови, се откриваат во Неговата заповед: „бидете совршени, како што е совршен нашиот небесен Отец“ и „бидете свети, како што сум свет и Јас“. Целта е ослободување од елементарната смрт и остварување на Божјите ветувања. Со текот на времето, борците и оние што биле ревносни во натприродните тајни, со својата душа ја здобиваат љубовта преку трпението, во кое се крие смислата на Крстот, и здобиваат воскресение и посинување – полнота во Божјите дарови.

http://www.prohor.org/%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D0%B3%D0%BE-%D0%B7%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%B5%D0%BC%D0%B5-%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B0-%D1%81%D0%B5%D0%BA/?fbclid=IwAR15Ii1GPckVpVsktIAuAgq1-_nAELbuW14PTLhqI1vs3H6yWGJGwcvEnvA

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3211
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7696
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная