Свети Јован Крстител
Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век.
На 20.01.2024 година, кога МПЦ-ОА молитвено го прослави Соборот на свети Јован Крстител, отец Бранислав Стојанчов отслужи Божествена Литургија во Соборен храм во Скопје. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.