Тропар на светите архиепископи Атанасиј и Кирил Александриски 18 јануари / 31 јануари 2024
Делата засветлија во Православието
со нив го замолкнавте злословието,
победоносци станавте,
ги обогативте сите со благочестие,
и Црквата ја украсивте,
Делата засветлија во Православието
со нив го замолкнавте злословието,
победоносци станавте,
ги обогативте сите со благочестие,
и Црквата ја украсивте,
Антониј Велики беше еден од првите монаси што светот го оставија и во пустина заминаа. Тој со право се смета за татко на животот монашки. Во Црквата наша тој често како учител на пустиниците се спомнува. Со време крај неговата ќелија се беа собрале многу монаси што во ликот негов спокој најдоа.
Отче Антоние, кога со божествената благодат на Духот ги скрши лаковите и стрелите на демоните, и со твоите божествени поуки на сите јасно им ги откри нивните лукавства и злоба, озарен со Божјата светлина, на монасите им стана најбогозарниот светилник, и првиот украсител на пустината, а за болните најопитниот и чесен лекар, и оригинален образец на добродетелно живеење
Ниe гo глeдамe oвoј матeријалeн и минлив свeт, нo глeдамe и на oнoј, духoвниoт и бeсмртниoт свeт.Ниe гo глeдамe зeмнoтo вeсeлиe, чeстoпати прeкинуванo сo плач и вoздишки, и на крајoт сeкoгаш завршeнo сo смрт, нo ниe глeдамe и на духoвната радoст мeѓу ангeлитe и Бoжјитe свeтитeли на нeбeсата, на нeпрeстајна и вeчна радoст.
Скопје, 29.01.2024 г.- храм на св.Петка, н.Црниче
на празникот на
† Чесни вериги на св. ап. Петар; св. Ромил Видински
Не е убаво да мислиме дека на Бога Му е добро или лошо поради човечките дела. Бог е добар и го прави само тоа што е добро, на никого не му прави ништо лошо, останувајќи секогаш ист и неизменлив, а ние кога сме добри, тогаш општиме со Него, како слични со Него, а кога сме лоши, поради нашата разлика со Него, се одделуваме и оддалечуваме од Него.
Скопје, 28ми јануари 2024 год.- храм Свето Благовештение
на празникот на † Св. Гаврил Лесновски; † преп. Прохор Пчински; преп. Павлe Тивeјски
Пред се', не се сметај за важен. Тоа во тебе ќе роди смирение.
Од смирението ќе се роди разум (искуство и добри мисли), а од разумот - вера.
Верата ќе роди надеж, надежта - љубов, а љубовта ќе роди уште поголема љубов,
големата љубов ќе роди непроменлива постојаност - цврстина во доброто.
Порфирата царска ја прифати
како предвесник на вистинскиот сјај,
на ангелските одори во небесното царство,
о Теодосие смирен слуго Божји,
Духот разум ти просветли и расудување подари
на тебе Христов намеснику на земјата.
Оној од Кого треперат сите ангелски хорови- Бога и Создателот, праведниот Јосиф со смелост себлагочество го прегрнува како Младенец и го целива, и прима разумна светлост и извикува: „Да го благословува сета твар Господа и да го превознесува во сите векови!“.
1. Теологијата на Црквата за бракот произлегува од Светото Писмо, од учењето на Отците на Црквата и од одредбата за Светата Тајна Брак и се покажува јасно во чинот на тоа Таинство.
Целта на христијанскиот брак е да се создаде добра брачна заедница и семејство, да се одгледуваат деца како плодови на љубовта во Христос на двајцата сопружници и нивната поврзаност со црковниот живот.
Свети Христови маченици
Певсип, Елевсип и Малевсип,
како новонасадени маслини на гората Господова,
имајќи таков силен корен во нивата Неонила,
која со благодат се напојуваше од нивата Христова,
го посрамија мачителот и Бога го прославија,
А овие четири главни добродетели: правдата, мудроста, целомудрието и храброста се такви, така што, ако се здрави и ако ја имаат својата сила во душата, тогаш тие добро управуваат со трите нејзини дела: ги задржуваат чувствата од сè што е наредено. И тогаш умот, живеејќи во тишина, управува со другите сили според Божјите заповеди и ги одржува во послушност,
Достоен стана о ти преподобен оче Прохоре,
Христов ученик да се наречеш,
затоа што светот и неговата прелага ги остави,
и душата своја за Бога ја оневести.
А Он Младенецот со милост те закити,
Безводната пустина стана извор благодатен
од вашите молитви, о отци Синајски и Раитски,
бања за искупување и семе за нови христијани
послужи крвта ваша за Христа пролеана,
о горостаси на Божјата вера,
молете се сега од горниот Сион,
По три години станал монах, и духовникот пак го прашал:
„Како ме гледаш, чедо?“
Младиот монах одговорил:
„Како ангел Божји“.
"Духовната борба е вистински маратон. Долготраен и макотрпен. Во него човекот треба постојано да се моли, непрестајно да ги победува телесните страсти и гневот во срцето и уште безборој други нешта, но во тој маратонски подвиг тој не треба ништо да постигне. Тој треба единствено да истрае."