Известување за пристигнувањето на благодатниот оган во Р. Македонија (06.04.2018)
Ве информираме дека благодатниот оган за којшто беше најавено во јавноста дека од Ерусалим преку Софија годинава ќе биде пренесен и во Р. Македонија, се очекува да пристигне на Меѓународниот аеродром „Скопје“ на 07.04.2018 г., во периодот меѓу 19.30 – 20.00 часот. Оттаму истиот ќе биде преземен од претставници и пренесен по епархиите и храмовите низ државата.