Митрополит Струмички Наум: Молитвен подвиг или беспомошно чекање (13.12.2020)
Демонските помисли на сомнеж и колебливост, што произлегуваат од самољубието и маловерието, како и стравот, несигурноста и безволноста што ги следат таквите помисли – го ослабуваат и изнемоштуваат духот во човекот, и го држат, врзан преку страстите, за овоземното и свиен, односно целосно насочен кон овој свет, како кон веќе „посигурна“ потпора.
Нема понедостоен начин за човекот – како икона Божја, повикан кон боговподобување, да ја изгуби својата боголикост