Венко Андоновски - СТРАВ, СТРАСТ, СТРАДАЊЕ
Од тоа не треба да се сфати дека дедо Жаре го потценуваше филозофското знаење; напротив, тврдеше дека секој човек треба да прочита сè што напишале филозофите, по можност да заврши филозофија, но потоа треба да се освести како човек и да застане пред Бога. Филозофијата би била, во таа негова диоптрија, нешто како неопходно предзнаење, кое треба да заврши со разочарување во филозофијата...