36.jpg

На Светата Литургија, на празникот Крстовден

14/27 септември 2016 лето Господово, Рајчица

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух. Драги браќа и сестри,


Светата Православна црква, денеска прославува еден од дванаесетте Господови празници. Поточно, го прославува Издигнувањето на Чесниот крст на нашиот Спасител Господ Исус Христос во Ерусалим. Овој празник е поврзан со едно историско збиднување. Имено, царот Константин, уште пред да биде крстен, во 312 година, се подготвувал за борба со претендентот на неговиот престол, од Италија, Максенциј. Иако Максенциј бил воено надмоќен, сепак, Константин одлучил да влезе во борба против него. Пред почетокот на решавачката битка, Константин имал видение, поточно, на небото се појавил крст со натпис Со овој знак ќе победиш. Константин веднаш наредил, на сите воени барјаци да се изобрази крстот, и така, издејствувал победа врз надмоќниот Максенциј.

Ова, на царот Константин, ќе му даде инспирација и поттик, да ја испрати својата мајка, царицата Елена, во Ерусалим, да го открие Христовиот крст. Таа ќе отиде во Ерусалим и долго време ќе се обидува да го пронајде Чесниот крст. Не треба да заборавиме дека поминале веќе три века, се промениле многу генерации и местото на страдањето и распнувањето Христово било подзаборавено. Но, со голем труд и упорност, царицата Елена го наоѓа местото, под еден многубожечки храм, и изнесуваат на виделина три крста.  Ерусалимскиот патријарх Макариј, за да утврди кој е точно Христовиот крст, побарал да се принесат болни и од кој крст ќе се излекуваат, тоа е знакот дека крстот е Господовиот. Така и се случило.

 

Постојат повеќе преданија за утврдување кој бил Христовиот крст. Едното е дека некое парализирано лице веднаш се излекувало, а другото, пак, е дека воскреснал упокоен човек. Кое и да е точно од овие две преданија, важно е дека крстот Господов е пронајден и од страна на Патријархот Макариј свечено е издигнат и со него благословени се сите четири страни на светот. Потоа, царицата Елена и царот Константин ќе го изградат храмот посветен на Воскресението Христово, во кој се наоѓа Чесниот крст Христов.

 

Драги браќа и сестри, треба да нагласиме дека крстот, во првите векови на христијанството, не бил особено почитуван како симбол на христијанството. Ние, знаеме дека во Римската империја, крстот е употребуван како орудие за казнување на најголемите престапници. Од таа причина, првите христијани употребувале поинакви симболи, како што е рибата, котвата, јагнето и слично. Но, по откривањето на Чесниот крст, овој симбол ќе ги надмине сите претходни и ќе биде општоприфатен во севкупниот христијански свет. Затоа, св. ап. Павле, во своето послание до Коринтјаните вели: „Бидејќи словото за крстот е безумство за оние, што гинат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја... Ние, пак, Го проповедаме Христа распнатиот, Кој е за Јудејците соблазна, а за Елините безумство“ (1. Кор. 1, 18 и 23).

 

Крстот Христов има огромна сила. На него Синот Божји, Господ Исус Христос се принесе на жртва за откуп на гревовите на сиот човечки род. Во црковните богослужбени песни, многу јасно и гласно се истакнува значењето на Чесниот и Животворен крст. Во тропарот се вели: Спаси ги Господи луѓето Твои... Со Крстот Свој заштити го Твоето жителство. Со овие зборови светата Црква, сите православни луѓе ги нарекува нејзини жители, а, пак, крстот, нивна заштита.

 

Изнесувајќи го и издигнувајќи го Животворниот крст на денешниот празник, светата Црква нè повикува, сите христијани, од сите четири страни на светот, да го впериме својот поглед кон Чесниот Христов крст. Но, не само да се загледаме во него, туку, тој да биде поттик за наше очистување од секакви престапи и гревови. Па со силата и благодатта Божја, а преку светиот крст Господов, да можеме да ги победиме сите непријатности што нè придружуваат и нè снаоѓаат во нашиот овоземен живот. Крстот да ни послужи како пример да можеме нашиот крст да го носиме чесно и достоинствено. Та да можеме да се искачиме кон небесните висини во прегратките Христови, и така да спечалиме вечен и блажен живот. Амин!


Најново од духовност

Православен календар

 

05/06/2025 - четврток

Свети Михаил, епископ Синадски; Преподобниот маченик Михаил; Преподобна Ефросинија, кнегиња Полоцка;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2025

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2025

Рамноапостолни  учители на словенските земји,богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,да ги утврди сите словенски народи

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная