логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Свети Јован Шангајски и Сан-Франциски (Битолски) е роден на 4 јуни 1896 година во селото Адамовка, во Харковската губернија, на југот на Руското царство. Неговите родители Борис и Глафира Максимович припаѓале на малоруското благородниина бил поставен на митрополитската катедра во Сибир, каде што дејствувал мисионерски меѓу локалното население, а бил учесник и во основањето на Руската духовна мисија во Кина. Поради својот свет и подвижнички живот, добил од Бога дар на чудотворство уште за време на овоземниот живот. Неговите нетрулежни мошти и денес се наоѓаат во Тоболск. Свети Јован при неговиот монашки потстриг го добил името на својот далечен роднина, несомнено, наследувајќи го неговиот мисионерски дух и дарот на чудотворство.Малиот Михаил (името што го добил свети Јован на Светото Крштение во чест на светиот архангел), и покрај својата телесна слабост и крепко здравје, според сведоштвото на неговата сестра Љубов Борисовна, бил необично момче. Таа се сеќава дека особено бил послушен кон родителите, така што тие немале тешкотии при неговото воспитување. Таа послушност и почит кон родителите свети Јован ја задржал низ целиот свој живот, па затоа на својата хиротонија за Епископ, тој, меѓу другото, истакнал: „Моите родители го подгреваа во мене стремежот непоколебливо да стојам на страната на Вистината и мојата душа беше пленета од примерите на оние што и животот свој го дале за Неа“.
 Младиот Михаил бил особено побожен, а тоа се гледало во неговата голема љубов кон иконите, кои ги собирал и купувал во голем број. Оваа навика довела дотаму што во куќата на Максимович повеќе немало место за иконите. Неговиот татко морал да го ограничи благочестивото колекционерство на синот. Малиот Миша, живеејќи во послушание кон родителите, не се противел на одлуката, и замолил за дозвола да купи уште една икона. Ова барање предизвикало голема заинтересираност кај татко му, така што се согласил со барањето. Собата на Миша ја украсила иконата „Сите светии што засветлија во Руската земја“.


Во близина на нивниот семеен имот, во Северен Доњец, постоел манастир што бил наречен „Светогорска обител“. Такштво. Еден од познатите членови на овој род бил свети Јован Тоболски (†1715), основачот на првата Богословска семинарија во Русија, кој во 1712 года бил именуван поради манастирското братство кое во тоа време броело шестотини монаси, а живеело и се подвизувало според светогорскиот манастирски типик. Михаил често го посетувал овој манастир сам или со своите родители. Животот на монасите оставал силен впечаток кај младиот Михаил, опкружен со Старци подвижници (великосхимници) и скитови, впивал сѐ што ќе чуел и видел таму. На подоцнежниот подвижнички живот на свети Јован влијаел и протоерејот Николај Загоровски, пастир со возвишен духовен живот. Меѓутоа, одлучувачка улога во животот на идниот светител одиграл Архиепископот Антониј Храповицки, кој тие години бил Архиепископ Харковски. Учесниците на Серускиот помесен собор во 1917 година, на кој се гласало за нов Патријарх, своите гласови ги дале за Владиката Антониј. Но, Господ имал друга промисла, за Патријарх Московски бил избран Митрополитот Тихон, а Владиката Антониј морал да го носи својот крст во емиграцијата и да биде надлежен архиереј на свети Јован Шангајски.


Средбата меѓу младиот Михаил и Владиката Антониј се случила вака: во една прилика претседателот на Харковската губернија В.В. Акишев му раскажал на Владиката Антониј дека најстариот син на Борис Максимович е исклучително момче и дека многу се интересира за духовните прашања. Владиката не се двоумел многу, па побарал од таткото да се сретне со неговиот син. За да добие покана некое момче од Архиепископот за средба, во тоа време во Харков била нечуена работа, дури и лицата од високите општествени позиции не се осмелувале да дојдат кај Архиепископот поради неговата преголема зафатеност со обврски. Борис Максимович сметал дека оваа покана од Архиепископот е израз на обична љубезност, па затоа не го сфатил тоа сериозно и поканата била заборавена. По неколку месеци, Архиепископот Антониј повторно упатил покана до таткото со зборовите: „Зошто го криете својот син од мене? Се плашите дека ќе го направам монах?“ Таткото се збунил, но и сфатил дека Архиепископот е сериозен, па одлучил да го одведе својот син кај архиерејот. Промислата Божја и понатаму ја одложувала оваа средба, но конечно, на едно предавање, кое Архиепископот Антониј го одржал во Земското собрание, а на кое присуствувал и младиот Михаил, се случила средбата што била значајна и за архиерејот и за момчето.Како повозрасен, Михаил не го привлекувало она од кое се восхитувале поголемиот број од неговите врсници. Него повеќе го интересирало читањето и размислувањето. Посебно ја засакал историјата на својата татковина, восхитувајќи им се на оние личности кои најмногу придонеле за доброто на народот, па оттаму кај него се јавила желба да се посвети на воена или друга граѓанска служба. Размислувајќи за изборот на повикот, заедно со неговите родители решиле тој да се запише и да учи во Полтавскиот кадетски корпус, во 1907 година. Уште тогаш се одликувал со цврста вера, за што сведочи следната случка што ја соопштува јеромонахот Петар (Лукјанов). Во 1909 година, по повод 200-годишнината од руската победа во Петро-полтавската битка, кадетите изведувале церемонијален марш во градот Полтава. И, кога поминувале покрај храмот, Михаил ја симнал капата и се прекрстил. Кадетите почнале да се смеат. Веднаш му било пренесено на великиот кнез. Утредента кнезот се обратил до кадетите, зборувајќи им за случката со кадетот Михаил Максимович, иако сето тоа не било во согласност со кадетскиот устав (во стројот не смеело да се прави ништо без команда). Сепак, тоа сведочело за длабоко благочестиво чувство и таа случка не била за потсмев, туку за пофалба. Така Михаил од предмет за потсмев станал јунак.
По завршувањето на военото училиште, Михаил сакал да се запише на Киевската духовна академија. Но, родителите инсистирале да се запише на Правниот факултет на Харковскиот универзитет. Од послушание кон родителите, тој го сторил тоа. Бил одличен студент, потполно посветен во изучувањето на правните науки, но исто толку време одвојувал и за читање на житијата на светиите.
По завршувањето на Правниот факултет, кратко време работел во Харковскиот суд. За животот на младиот Максимович во овој период многу малку се знае, освен тоа дека бил член на парохискиот совет во Харков.                                                                   

 Во емиграција

Кога се зацврстила болшевичката власт во Русија, членови на Белата армија, заедно со два милиона емигранти, во 1920 година го напуштиле Крим. Свети Јован, заедно со своите родители емигрирале во тогашната Југославија. По доаѓањето во Белград, идниот Архиепископ се запишал на Богословскиот факултет при Белградскиот универзитет, кој го завршил во 1925 година. Според сведоштвото на неговиот другар Николај Зјорнов, Михаил Максимович живеел многу сиромашно, а за живот заработувал продавајќи весници. За да ги исполни и двете должности, продажбата на весници и факултетот, тој морал да станува рано наутро, порано од сите, за да може да ги пречека службениците и да им понуди весник. Неколку години одел во истата горна облека, во којашто дошол од Русија, а обувките што ги носел биле за фрлање. Обично влегувал на предавање доцнејќи, сиот покриен со кал, но никогаш не бил прекорен за тоа.


Светиот Владика Николај Велимировиќ го опишува вака: „Телесно слаб, со светли очи и секогаш со насмевка, некогашниот продавач на белградските весници, секое утро доаѓаше пред зградата на патријаршијата, извикувајќи: ’Весници, весници!‘ Купувавме од него весници, но на никој од нас не ни паѓаше на ум дека тој, пред емиграцијата во Србија, имал завршено факултет“. Во тоа време Владиката Антониј Храповицки, исто така, емигрирал во Југославија и Михаил одржувал контакт со него.
Во 1924 година Михаил бил посветен во чтец. Тој од детството пелтечел. Според кажувањата, тој доаѓал во белградската руска црква Света Троица, облекувал стихар, срамежливо застанувал на крајот од певницата и чекал да му дадат нешто да прочита. Кога примил монашки потстриг, оваа мана исчезнала, а подоцна се појавувала само кога бил возбуден.
Две години подоцна Владиката Антониј го замонашил во Миљковскиот манастир, давајќи му го името Јован, во чест на неговиот далечен роднина свети Јован Тоболски. Запуштениот Миљковски манастир во 1926 година бил возобновен од тројца руски монаси со висока духовност и образование. За игумен бил поставен архимандритот Амвросиј (Курганов). Подоцна братството броело околу дваесет монаси.
Откако примил монашки потстриг, свети Јован веднаш почнал да води строг подвижнички живот, не давајќи си никакво олеснување. По примерот на светиот архиепископ Мелетиј Леонтович, тој никогаш не спиел во кревет, дозволувајќи си само краток одмор на фотелја или столица, или, пак, заспивал на колена после молитвата.


Архимандритот Амвросиј, исто така, многу го сакал отец Јован. Подоцна, тој со воодушевување зборувал за неговото смирение и подготвеноста да го исполни секое послушание.
Во 1926 година, на празникот на Воведение на Пресвета Богородица, Архиепископот Чељабиски Гаврил го ракоположил јероѓаконот Јован во јеромонах. Неговото ракополагање било набрзина, така што тој не успеал да им соопшти на родителите. На тоа Архиепископот Гаврил додал: „Не грижи се, ќе ги повикаме на хиротонија“.


Младиот јеромонах немал можност долго време да ѝ се насладува на манастирската тишина, па набргу бил поставен за вероучител во државната гимназија во Велика Кикинда. Оваа должност ја извршувал до 1927 година. На своите ученици им го испратил следново проштално писмо, кое сведочи за неговата пастирска грижа и љубов: „...Немојте да мислите дека сега можете да не одите во црква, затоа што ме нема да внимавам на вас. Во црква не треба да се оди заради луѓе, тука заради Бог, Кој гледа кој и со какво срце доаѓа. Бидете послушни кон оној што ќе биде ваш вероучител, и немојте да учите заради оценка, но за да ја дознаете волјата на нашиот Отец Небесен. Бидете им покорни на вашите родители, како што Христос ѝ се покоруваше на Пресвета Богородица. Бидете им послушни на учителите и на сите постари што ве учат на добро. Бидете трудољубиви и чувајте се од мрзеливоста, која е мајка на сите пороци. А најмногу чувајте се од расправии и простувајте си еден на друг кога ќе бидете навредени“. Во БитолаОд 1927 до 1934 година јеромонахот Јован предавал во богословското училиште посветено на светиот апостол Јован Богослов во Битола. Ова е многу важен дел од неговиот живот, за кој имаме интересни сведоштва. Професорот Борис Бошковски, како негов ученик, ни остава бесценети сведоштва за свети Јован од тоа време во својата книга. Во тоа време на Битолската епархија надлежен архиереј бил Владиката Николај Велимировиќ. Тој многу го сакал јеромонахот Јован, па често знаел да каже: „Ако сакате да видите жив светител, отидете во Битола, кај отец Јован“. Денес името на отец Јован во Битола се изговара како име на ангел Господов.
Со доаѓањето на нов учител, кај учениците се поставувале прашањата: каков ќе биде? Строг или добар? Свети Јован на тие прашања одговорил со сопствен пример – најстрог бил кон себе. Каков бил неговиот секојдневен подвиг во молитва и метании, тоа го знае само Бог. Епископот Николај повторно им кажувал на учениците: „Деца, слушајте го отец Јован, тој е ангел Божји во човечко тело“. Според сведоштвото на професорот Борис Бошковски, и самите ученици се увериле во тоа. Вистински биле зборовите дека тој повеќе му припаѓал на небото отколку на земјата. Неговите кротост и смирение биле како оние овековечени во житијата на светите подвижници. Храна земал само колку да ги одржи телесните сили. Неговата облека била едноставна, а постела воопшто не му била потребна. Неговата соба била на приземјето. Во собата имало една маса, стол и кревет на кој никогаш не лежел. На масата секогаш се наоѓало Свето Евангелие, а на полицата богослужбени книги, и ништо повеќе. Неговата подготовка за Литургија била несекојдневна: во четврток јадел многу малку, во петок и сабота одвај се допирал до храна, и така гладувал до завршувањето на Литургијата во недела. Во текот на првата недела од Великиот пост не јадел и не пиел, исто така, и во Страсната седмица. На Велика сабота неговото тело било исцрпено, но на денот на Воскресението Христово како да бил препороден. По Божествената Литургија му се враќала силата, а неговото лице го озарувала ангелска радост. Така поминувал подвижничкиот живот на отец Јован пред учениците.


„Отец Јован нѐ сакаше сите нас, а и ние него. Во нашите очи тој беше овоплотување на сите христијански добродетели: кроток, спокоен, смирен. Не наоѓавме никаква мана кај него, а многу бргу се привикнавме и на неговиот начин на зборување. Ни стана толку близок што кон него се однесувавме како кон постар брат, кој сите го сакаат и почитуваат“, сведочат неговите ученици.
Како високообразована личност, свети Јован се користел со тактичност само нему својствена, за учениците што полесно да научат и наученото да го запаметат, така што според сведоштвата на учениците, тие со радост оделе кај него на предавања, па дури се состанувале со него и по часовите. На прашањата од другите професори со кој „метод“ се раководи, тој одговарал: „Немам никаков педагошки метод, само се трудам кога ќе разговарам со луѓето да бидам во благодатта Божја и да не ѝ сметам да ги лекува и препородува луѓето“.
Тој не се грижел само за своите ученици што му биле доверени, туку се грижел и за болните и страдалниците што ги посетувал. Познати се многубројни исцелувања од болести по неговите молитви. Таа грижа за луѓето продолжила до крајот на неговиот живот.
Отец Јован длабоко го почитувал свети Наум Охридски, познат по својата молитвена помош на душевно болните, и често одел во манастирот каде почиваат неговите свети мошти. Одел со иконата на свети Наум по болниците и им читал молитви на болните, и до крајот на неговиот живот секогаш одел со таа икона. Кога бил именуван за Епископ на Шангајската катедра, тој отишол на гробот на свети Наум, ја осветил иконата, и на денот на поменот на светителот ја положувал иконата во Шангај за да се поклонат верните. Дотогаш никој во Шангај не знаел ништо за свети Наум. Благодарејќи на Владиката Јован, тој таму станал многу почитуван светител. Вредно е да се напомене дека неколку дена пред чествувањето на свети Наум, Владиката Јован ја изнел иконата на светителот положувајќи ја на аналој, а се упокоил на денот на свети Наум Охридски. Потполно посветен на својата паства, јеромонахот Јован воопшто не помислувал на архиерејска служба. Меѓутоа, во 1934 година Владиката Антониј Храповицки и Синодот на Руската Задгранична Црква го избрале за Епископ Шангајски, каде што во значаен број живеела руската дијаспора. Телеграма со одлуката стигнала во Богословијата, а ректорот му соопштил на јеромонахот Јован. Меѓутоа, отец Јован воопшто не верувал дека тој бил избран за епископ, туку дека се работи за грешка. Една негова познаничка, во тогашната Југославија, го сретнала отец Јован во трамвај во Белград и го прашала од каде тој таму, а тој одговорил дека примил телеграма во која се спомнува јеромонах Јован кој треба да биде поставен за епископ, но дека телеграмата по грешка била доставена до него, а се работи за некој друг Јован. Утредента повторно се сретнале, а тој ѝ кажал дека грешката е уште поголема отколку што мислел, затоа што него требало да го постават за епископ. Кога се спротивставил на тоа, укажувајќи на своето пелтечење, кратко му одговориле дека и пророкот Мојсеј пелтечел.


Чинот на наречението се случил во руската црква во Белград, на 9 јуни 1934 година (тогаш отец Јован имал триесет и осум години). Во својата беседа тој кажал: „Денес, преку устата на архипастирите сум повикан да го прифатам архипастирското служење. Не смеам да помислам дека сум достоен за тој повик, затоа што сум свесен за својата гревовност, но се плашам да не прифатам, слушајќи ги зборовите Господови, кои му се упатени на Петар, кој згреши, па се покаја: ’Ако Ме љубиш, паси ги овците Мои‘“.   


Во ШангајОд 1685 година, благодарејќи на руските мисионери – вклучувајќи го и далечниот предок на свети Јован, свети Јован Тоболски – во Кина постои Православна Црква. Околу двесте педесет илјади Руси допатувале на Далечниот Исток, од 1918 до 1925 година, а половина од нив се населиле во Кина, поточно во Манџурија, околу пристаништата, како што се: Шангај, Тјенцин и Хангџоу.  
Владиката Јован пристигнал во Шангај на денот на Воведение на Пресвета Борородица. Толпа луѓе се собрале на пристаништето за да го пречекаат новиот Владика, кој дошол на местото на тогаш веќе починатиот Архиепископ Симон (Виноградов, †1933), чии мошти при преносот се покажале нетлени.
Конфликтите меѓу православните од различни националности, и меѓу Русите со различни убедувања, во тоа време во Шангај биле причина за нереди во Црквата. Новиот епископ се обидел да внесе мир меѓу верниците, исползувајќи ја својата непристрасност како на национална така и на политичка основа. Набргу по своето доаѓање, Владиката Јован, на радост на сите православни, успеал да го воспостави очекуваниот мир во Црквата, смирувајќи ги односите меѓу Грците, Србите и Украинците.


Друго дело на кое ги посветил своите сили Владиката Јован е завршувањето на храмот посветен на Пресвета Богородица – Застапничка на грешните, кој, исто така, бил причина за расправии меѓу верните. Помирувајќи ги ставовите меѓу верните, тој се зафатил со внатрешното уредување на храмот. Меѓу светителите кои биле насликани во храмот се нашол и свети Наум Охридски.И покрај големиот број обврски, сепак, кај свети Јован светите богослужби биле на прво место. Според сведоштвото на протоерејот Илија Вењ, Владиката Јован преку цела година служел Литургија секој ден. Со него служел дежурниот свештеник. Попладне, во деветиот час се служела Вечерна, потоа Повечерие, и задолжително се читал канон. Наутро се служела Полуноќница, па потоа Утрена со часови и на крајот Света Литургија. На Вечерната и Утрената тој стоел на певница, внимавајќи нешто да не се изостави од типикот. Во олтарот со никого не зборувал, а ова важело и за другите во негово присуство. Поради долгите служби, некои негодувале, но се свикнале со текот на времето и редот се почитувал.  
Што се однесува до другите подвизи што ги имал свети Јован, имаме многу сведоштва. Секое утро станувал во четири часот, се полевал со ладна вода, дури и во зима, а храна земал еднаш дневно, во многу мали количини, и тоа навечер. За време на Велигденскиот пост не си дозволувал ниту да седне, а често одел во папучи без чорапи и во зима. Ваквиот добродетелен живот некои од архиереите го сметале за претеран.
Имаме не мал број сведоштва од очевидци што го гледале Владиката Јован како за време на Светата Литургија бил целиот во светлина, а кога ги осветувал даровите над путирот се појавувал оган. По Светата Литургија тој долго време останувал задлабочен во молитвата, така што при излегувањето од олтарот на сите прашања одговарал расеано.

Едно од најзначајните дела на свети Јован било основањето на сиропиталиште посветено на свети Тихон Задонски, кој исто како и Владиката Јован, многу ги сакал децата. Прво што го зачудило после доаѓањето во Шангај бил големиот број напуштени деца. На 24 февруари 1935 година, со помош на неколку жени било отворено сиропиталиштето во две мали соби, во кои децата можеле да јадат и да останат цел ден. Набргу тие простории станале тесни за да ги примат сите деца. Следувале силни напади врз Владиката Јован во локалните весници, но по неговите молитви тие напади бргу стивнале, а оние што го напаѓале станале први добротвори на сиропиталиштето. Бројот на згрижени деца достигнал три илјади. Дознавајќи од весниците дека во некои сиромашни делови од градот кучињата ги растргнувале децата кои биле оставани на улица, тој одел во тие делови од градот, ризикувајќи да биде убиен и со себе носел шишиња со кинеска ракија. Таа ракија служела како средство за „спогодба“ со оние што ги оставале децата. Им давал ракија и ги земал децата за да ги прибере во сиропиталиштето; друг начин за да се разбере со тие неразумни луѓе не постоел. Освен за сиропиталиштето, Владиката Јован водел грижа и за домот на милосрдието, кој бил посветен на свети Филарет Милостивиот, во кој биле згрижени околу осумдесет бездомници, претежно хронично болни.

За тие шест години пред Втората светска војна, Владиката Јован со својот неуморен труд и само нему својствената упорност, потполно успеал да го организира црковниот живот во Шангај. Со завршувањето на Втората светска војна, следувале тешки години за него и неговата паства. Кинеската држава потпаднала под советско влијание, па почнала непријателски да се однесува кон руските емигранти. Затоа многумина одлучиле да се вратат во Русија. Соочувајќи се со злото на комунизмот, Владиката Јован побарал од филипинските власти одобрување, руските емигранти, децата од сиропиталиштето и сите останати да бидат префрлени на островите. Барањето му било одобрено. Почнало преселувањето на островот Тубабао. Се сместувале главно во шатори и бараки. На островот Тубабао имале недостиг од основни продукти, а стравот од тајфуните, кои биле чести на островот, претставувале голема закана. Владиката Јован започнал колку што било можно да го организира црковниот живот на островот. Била отворена епархиска канцеларија, се основал женски манастир, а една од бараките била приспособена во храм. Престојувале на островот две години и три месеци, во исклучително тешки услови за живот.

Подоцна била донесена одлука да се преселат во САД, бидејќи многумина од нив имале роднини кои веќе живееле во Америка. Почнала преселбата со помош на т.н. Активен комитет, кој бил формиран по барање на Владиката Јован. Но, во 1950 година дошла вест што сите ги изненадила и вознемирила. Од Синодот на Руската Задгранична Црква стигнала одлука со која Владиката Јован бил назначен за Архиепископ на Западно-европската епархија. Било испратено писмо до Синодот со молба нивниот архиереј да не биде преместен. Синодот одговорил: „Архиерејскиот собор достојно ја оцени вашата предаденост, почит и љубов што сте ги сочувале кон вашиот архипастир, неуморен молитвеник и ваш заштитник, па се надеваме дека тие чувства ќе ги сочувате кон него, каде и да се наоѓа тој по промислата Божја“.Апостол на ЗападотВо 1951 година, Архиепископот Јован пристигнал во Париз. Се разбира, во овие повоени години, во престолнината на Франција имало многу нерешени проблеми. Повторно свети Јован се соочил со проблемите за сместување. Се сместил во една малечка соба. Немало храм каде што можеле да служат, па за таа цел биле приспособени некои простории. Неговиот живот во Париз се одвивал по веќе вообичаениот ред: организирање црковен живот од мртва точка, секојдневни служби, грижа за своите парохијани, грижа за болните и страдалниците, кои добивале исцеление по неговите молитви, основање манастири, строго запазувајќи го својот подвижнички живот.
Во 1962 година Синодот на Руската Задгранична Црква донел одлука Архиепископот Јован да го замени Архиепископот Тихон на катедрата во Сан Франциско. Следувале исклучително тешки години за свети Јован, кој го доживеал своето распнување. Многумина се радувале на неговото пристигнување, помала група од нив, челници на црковниот одбор за изградба на катедралниот храм. Владиката одлучил да се направи ревизија за финансиското работење на одборот. Тогаш, неочекувано, одборниците пројавиле отпор. Сепак, ревизијата била извршена и биле откриени повеќе неправилности. Оттогаш одборниците почнале да се однесуваат непријателски кон новодојдениот архиереј. Почнале да се служат со невистини и клевети против праведникот за да се оправдаат себеси. Во прогонот се вклучиле и неколку владици.


За остварување на својата цел, прогонителите испратиле жалба до Синодот, со барање Архиепископот Јован да биде отстранет од епархијата, зашто бил „неурамнотежена личност“, оддаден премногу на духовното, кој ги запоставувал практичните работи и црковните пари непромислено се трошеле. Одлуката на Синодот била престојот на обвинетиот да биде продолжен за шест месеци, за да се видат резултатите од неговата дејност. Архиепископот Јован многу тешко го доживеал сето ова, зашто не очекувал дека истото толку лошо ќе се одрази на верниците.

Мирот повторно бил нарушен. Било свикано црковно собрание за избор на нов црковен одбор. Непријателите на Владиката Јован поднеле тужба до градскиот суд. Во јули 1965 година започнал судскиот процес, кој траел четири дена. Неправдата била обессилена, а вистината откриена. Било утврдено дека злоупотреба на црковни пари немало ниту од Владиката Јован, ниту од други, а за изборот на нов црковен одбор требало да решаваат црковните власти. Во 1964 година соборниот храм посветен на Пресвета Богородица – Радост на сите нажалени, бил завршен и осветен.  Уште едно богоугодно дело му донело голема духовна радост на Архиепископот Јован во таа 1964 година. Имено, неговата дамнешна желба се остварила. Прашањето се однесувало на канонизацијата на праведниот Јован Кронштатски. Архиепископот Јован испратил предлог до Архиерејскиот собор во Њујорк. Соборот составил комисија, а за претседател на комисијата бил назначен Владиката Јован. Комисијата била задолжена да подготви и да поднесе реферат врз основа на кој, подоцна, Архиерејскиот собор на Руската Задгранична Црква донел решение за канонизација на Божјиот угодник – отец Јован Кронштатски. Како и многу други угодници Божји, и Владиката Јован однапред го знаел денот на своето заминување од овој свет. Во последните денови од својот живот се простил со сите свои ближни како да оди на далечен пат. Неколку дена пред неговото упокојување, на аналојот во Црквата ја положил иконата на свети Наум Охридски. На 2 јули 1966 година Архиепископот Јован отслужил Литургија во градот Сиетл, во храмот посветен на свети Никола Чудотворец. По завршувањето на Литургијата останал уште три часа во олтарот на молитва. Потоа дошол во својата соба, во парохискиот дом и седејќи на фотелја, сакал да се одмори малку. По краткиот одмор планирал да ги посети гробиштата и да отслужи панихида. Додека одморал, неочекувано од собата се чул тресок. Оние што биле во претсобјето го чуле тоа и кога ја отвориле вратата, го виделе Владиката како се обидува да се врати на седиштето. Го кренале да седне на фотелјата. По две длабоки издивнувања, тој се упокоил.
Наредниот ден, ковчегот со посмртните останки на упокоениот во Господа архиереј биле пренесени во Сан Франциско и биле поставени во храмот посветен на Пресвета Богородица – Радост на сите нажалени. Во текот на петте дена, покрај редовните богослужби, наутро и навечер се служела панихида, и непрестајно се читало Светото Евангелие. Неброен народ непрекинато притекнувал покрај ковчегот, барајќи од светиот Владика прошка и изразувајќи ја својата љубов кон него. На 7 јули, на денот на рождеството на свети Јован Крстител, бил погребан свети Јован Шангајски и Сан-Франциски (Битолски). Просторијата каде што почивале моштите на блаженоупокоениот Владика била претворена во параклис. Тука редовно се богослужи и секогаш има голем број посетители.   

                
Канонизација

Во март 1989 година, Архиерејскиот синод на Руската Задгранична Црква определил комисија со задолжение да собира сведоштва за светоста на Архиепископот Јован Максимович. По четири години, во месец мај 1993 година, бил одржан Архиерејскиот собор на Руската Задгранична Црква во Леснинскиот манастир (Франција), на кој била донесена одлука Архиепископот Јован да се признае за светител и неговото име да се внесе во календарот на Православната Црква.
На 14 ноември 1993 година, по извршениот помен, била симната гробната плоча и капакот од ковчегот. Одеждите, митрата и сандалите биле изгниени, а телото на свети Јован било нетлено. Присутните биле восхитени и со почит ги целивале моштите. Неброени се чудата што се случиле на моштите на свети Јован Шангајски, исто како што се неброени и чудата што се случиле за време на неговиот живот, по неговите молитви.По молитвите на свети Јован,

Господи Исусе Христе, помилуј нѐ!

подготви: о. Антониј Стојковски

 

Извор: ПРЕМИН бр. 113/114



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная