логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Во спомен на големиот човек и духовен учител


Жарко Видовиќ (1921 – 2016)    Неодамна, во Белград, на 95-годишна возраст се упокои важен човек: филозофот, историчар на уметноста и богољубивиот бдејач над православната вера и над своите многубројни помлади следбеници и верници – професорот Жарко Видовиќ (предавал историја на уметноста на универзитетите во Сараево, Загреб и Белград). Имав ретка можност да го познавам последните години од неговиот живот и често да разговарам со него на повеќе теми за човекот, за Бога, за уметноста, за Достоевски, но најмногу за Црквата, за Христос, како и за Литургијата и нејзиното значење, за што Видовиќ има напишано и цела книга – „Трагедија и литургија“.    

На првата средба бев фрапиран: дедо Жаре (како што го викаа неговите многубројни и верни некогашни студенти, кои редовно доаѓаа да го посетат во осаменичкиот стан кај храмот посветен на Свети Сава и да му донесат малку храна) уште при првата средба ми стави до знаење да не му спомнувам никакви филозофи во муабетот. Тоа беше некаков вид услов да продолжиме да разговараме. Иако дипломиран филозоф (подоцна и дипломиран историчар на уметност), Жарко беше немилосрден кон филозофите, затоа што како чист православен верник, дури и кај најумните од нив препознаваше по некои „ѓаволови работи“. За постмодерните филозофи воопшто и да не зборувам! Само неколкумина филозофи, кои верувале во Бога, имаа место во неговите размисли, иако и на нив дедо Жаре ретко се повикуваше. Го сакаше многу Ајнштајн, поради онаа негова прочуена реченица: „Зарем би се зафатил со нешто толку сериозно како што е космосот, доколку не верував во Бога?“  

 Од тоа не треба да се сфати дека дедо Жаре го потценуваше филозофското знаење; напротив, тврдеше дека секој човек треба да прочита сè што напишале филозофите, по можност да заврши филозофија, но потоа треба да се освести како човек и да застане пред Бога. Филозофијата би била, во таа негова диоптрија, нешто како неопходно предзнаење, кое треба да заврши со разочарување во филозофијата и сознание дека има нешто над неа, а тоа беше, за дедо Жаре, само Оној Христос опишан и отелотворен како кнезот Мишкин кај Достоевски, во неговиот Идиот. Дедо Жаре ми раскажа во кој момент кај него настанало тоа „прогледување“, кога сфатил дека филозофијата е само празно мудрување и дека од живиот, искуствен, личносен однос со Бог – нема ништо поважно како познание, сознание и знаење. И дека нема личност без личносен однос со Него. Се случило тоа во логорот, кога Видовиќ бил интерниран најпрвин во Јасеновац, а потоа и во „логорите на смртта“ во Норвешка. Низ ужасните секојдневни тортури, тој сфатил дека таму филозофијата не помага, дека таа таму е мртво слово на хартија, и дека само Бог во човекот е она што може да укрепи и исцели. Дедо Жаре раскажуваше дека логорските чувари спречиле бегство на еден Србин-муслиман од логорот, и дека определиле еден православен Србин да го претепа бегалецот до смрт, со палка. Православниот Србин одбил. Логорските чувари го претепале предупредувачки(!) непослушниот православен Србин, а потоа му ја дале повторно палката и повторно побарале тој, ако сака да остане жив, да го претепа на смрт Србинот муслиман. Православниот повторно одбил; таа своја слободна волја ја платил на тој начин што логорските чувари му го прекршиле ‘рбетот од биење и смртта му дошла како олеснување.


    Веројатно, имајќи ја предвид токму оваа случка, пред повеќе години, на една јавна трибина на тема „Политичката слобода денес“, дедо Жаре ја фрапираше јавноста, кога на инаку одличниот мислител и негов пријател, филозофот Никола Милошевиќ, кој излезе со теза дека во тогашна Србија нема никаква слобода, му реплицираше со зборовите – „Знаеш Никола, не се согласувам со тебе. Човек може да биде слободен и во затвор, само ако сака“. Веројатно дедо Жаре мислел токму на таа епизода, кога оној човек одбрал да не убие друг, и останал слободен. Се сеќавам дека на оваа тема – слободата на човекот и Бог, потрошивме цела една ноќ, со едно шише црвено вино, и дека дедо Жаре едвај ме пушти да си одам, некаде рано наутро.
    

Според својата вера во Христос, дедо Жаре беше Мишкиновец. Неговата теза за Бога беше истата онаа која ја застапува и Достоевски, протолкувана преку сјајните размисли на преподобен Јустин Ќелиски (исто така пријател на Видовиќ), односно Јустин Поповиќ: во овој ужасен свет на страдања, човековиот разум е немоќен да најде одговор на вечните прашања кои го измачуваат секој човек; соочен со тој метафизички ужас, човек има само две можности – или да поверува во Бога и да се спаси, или да полуди, затоа што неговиот разум го води кон нихилизам, а нихилизмот до целосна етичка релативизација, која е прв чекор во лудилото (убивањето или измачувањето деца, за лудиот не се разликува од чинот на милосрдноста). Затоа, дедо Жаре не веруваше многу во разумот, макар бил и најгенијален; знаеше да каже дека лудилото често е највисока форма на интелигенција, ама во него нема ниту зрно етика.  

 Но, најмногу ми остави впечаток неговото (од искуство стекнато) учење за тријадата: страв – страст – страдање. Најпрвин, со дедо Жаре потрошивме цела вечер да разграничиме две нешта – страст од љубов. Му се жалев дека забележувам, во семинарските и дипломските работи на студентите од последниве генерации, еден сигнификантен детаљ: сè почесто се употребува зборот „страст“ во целосно нова смисла. Со „страст“, денешниве генерации означуваат „љубов“. Дедо Жаре ме фрапираше (јас мислев дека нема поим од постмодерната филозофија, затоа што веќе неколкупати претходно ја беше прогласил за „ѓаволска мисла“), кога ми рече, отприлика: „Знам дека тие млади луѓе се вљубени во Жак Дерида и дека се родени во постмодерната епоха на лизгање на означителите, ама сепак, за некои зборови со кои се означуваат клучни човекови вредности, не важи законот за секогаш одложено, нестабилно значење, како и законот за непостоење на чисти идентитети.“ Останав со отворена уста – не бев толку изненаден што дедо Жаре, иако сметаше за Дерида дека е син на ѓаволот, сепак го прочитал темелно; повеќе бев изненаден што се воздржувал цело време да го спомене: колкава сила на воздржување, рамна речиси на монашки подвиг! „Строгото разликување понекогаш е неопходно: љубовта со векови била љубов, а страста со векови била страст. И со векови љубовта можела да подразбере и страст, но страста не подразбирала нужно љубов“, продолжуваше тој (а јас тие негови мисли подоцна ги искористив за една колумна). Му кажав дека во една семинарска еден студент напишал дека Вертер на Гете, во Страдањата на младиот Вертер „страсно ја љуби Лота“. „Како тоа?“, се чудеше дедо Жаре. Се согласивме дека „страсно“, барем во односите маж-жена, со векови нужно подразбирало „телесно“. А тоа некако не оди со претставата за романтичарската љубов, најчесто ателесна и многу често – платонска?Потоа, се сеќавам дека дедо Жаре инсистираше на тоа дека љубовта е чувство, а страста не е. Страста е само слика на чувство, велеше. И потоа употреби уште еден термин од за него неомилените „служители на ѓаволот“ – постмодерните филозофи. Рече „симулакрум на чувство“, без да го спомене Жан Бодријар, кого исто така, очигледно го имаше прочитано, иако не го сакаше. Според дедо Жаре, главната разлика меѓу љубовта и страста е во тоа што страста може да се предизвика од надворешни фактори, а чувствата (љубовни) – не можат; љубовта е интериорна, и или се раѓа сама од себе, или не се раѓа. Друга работа е што често љубовта (меѓу маж и жена) оди заедно со страст, но тоа не е доволна причина за да не се разликува празната страст од љубовта воопшто. Дури и во традиционалните претстави страста се споредува со слама што брзо пламнува и потем брзо гасне, а љубовта со дрво кое бавно гори и топли долготрајно, со постојан жар.

    Се сеќавам дека таа вечер разговорот за страста тука некаде заврши, со заклучокот дека страста може да се создаде од надворешни фактори, а љубовта само од внатрешни. За првото доказ е обичен порно-филм: кај повеќето гледачи, гледањето буди страсти. Но, не буди и љубов кон актерите на филмот. Освен тоа, страста буди зависност, а љубовта, напротив ослободува; можете да љубите некого и кога не е крај вас. Но, тешко дека ќе се справите со страста на цревоугодието, на пример, ако немате вкусна храна крај себе. Страста е материјална, сетилна, сликовита. Љубовта е нематеријална, духовна, неопиплива.     Потоа чекав две седмици за повторно да разговарам со Видовиќ; не беше добар со здравјето. Со тој разговор, кој беше и последен меѓу нас, го завршувам и ова мое меморијално слово за овој Божји човек. Тоа е неговата теорија дека стравот е причина за сите наши страдања; учење кое повторно произлегува (како и сите учења на дедо Жаре) од неговото искуство со логорите Јасеновац и норвешките логори на смртта. Тоа учење се сведува, упростено на следново: стравот ги раѓа страстите, а страстите ги раѓаат страдањата. Затоа стравот е родител на многу страсти, но е и сигурен прародител на секое страдање. Страдаме само затоа што се плашиме.

    За да се покаже дека стравот ги раѓа страстите не треба многу мудрост – стравот од глад, во логорите во кои Видовиќ престојувал, како што самиот сведочи, нужно раѓал страст да се украде храна од друг, да се складира и себично да се чува храната, или да се продава и разменува украденото за други потребштини. Значи, стравот од глад ги раѓал страстите цревоугодие и среброљубие. Дури, стравот налагал и да се предаде или убие некој, за да има повеќе храна. Сосема е јасно дека врз оваа логорска матрица се гледа и матрицата на капитализмот – стравот од глад води кон немерливо среброљубие, кражби, присвојување на вишокот вредност, експлоатација, и во крајна рака – војни и убивања. Сите тие страсти, како што се гледа, завршуваат со страдања – војни и крвопролевања. Така, затворена е тријадната синтакса на стравот: страв – страсти – страдање.

    Последниот наш разговор заврши со убавата беседа на дедо Жаре против стравот. За него, оној кој е со Христос, не знае за страв; според тоа, спасен е и од страсти, и од страдања. А и зошто би се плашел од што било некој кој верува во Христа? Од што би се плашел, ако на Христа ништо не Му е неможно, и ако верува дека Нему Му е можно со оган да гаси и со вода да пали? И да изгубиме сè материјално, на Христос не Му е неможно да ни врати сè, и дури да ни преумножи; и да изгубиме драга личност, вечниот живот и Воскресението се посилни и од смртта. Што всушност може и дали всушност воопшто може да загуби нешто верниот Христов поклоник, чедото Негово? Ништо. Затоа, заклучи дедо Жаре – од ништо не се плаши оној што Го љуби Христа.

    Кога бев на вратата, на излегување, ми пролета една мисла низ главата: „Овој човек навистина не се плаши од ништо“. Го погледнав и низ очилата ги видов неговите питоми очи како се премислуваат дали да изговорат нешто или не. И следниот миг рече: „Дури и од смртта не се плашам. Не само што не се плашам, не ми значи ништо. Таа, едноставно не е моја работа. Што имам јас со неа, кога не постои?“    Така се разделивме. Како да нема потреба да се грижиме ако повеќе не се видиме, затоа што сигурно ќе се видиме. И не ме изненади кога разбрав дека дедо Жаре, големиот човек Жарко Видовиќ, филозоф и историчар на уметност, богољуб, дента наполнил 95 години, а другиот ден се упокоил во Господа. Па што има во таа симболика? Ништо. Смртта не е наша работа. Љубовта и животот се.

Извор: ПРЕМИН бр. 113/114



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная