ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ
Тропар на свети
Алимпиј столпник
26 ноември / 9 декември
Столб на трпение стана,
кога преподобно ревнуваше како праотците,
Јов во маките, Јосиф во искушенијата,
и живот на бесплотните во тело.
Алимпие оче наш, моли го Христа Бога,
да ги спаси нашите души.
Извор МПЦ - ОА
Тропар на преподобниот
отец Стилијан
26 ноември / 9 декември
Волјата Божја волја твоја стана,
блажен оче Стилијане, Оној Кој тебе те осинови,
при децата свои те испрати, о ти Христов подвижнику,
кој од раце ангелски се хранеше,
и за сé на Бога благодареше,
моли се за нас сиротите, моли се во деца да се повратиме,
и со твоите молитви заштитени,
Царство Небесно да наследиме.
Извор МПЦ-ОА
Манастир св Јован Претеча Слепче
Православен календар за 09/12/2024
ТРОПАР
Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.
Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.
Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.
Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.
ПреминПортал
2024 лето Господово
Од Верскиот календар:
Преподобен Алимпиј Столпник
Роден е во Адријанопол, пафлагониски град. Од малечок Му беше предаден на служба на Бога. Како ѓакон служеше во црквата на епископот Теодор во тој град. Но желен за осаменички живот, молитва и богомислие, Алимпиј се оддалечи на едни елински гробишта надвор од градот, од кои заради честите демонски привиденија луѓето бегаа како од страшилишта. Таму тој забоди крст, па изгради храм во чест на Света Ефимија, којашто му се јави во сон. Крај храмот подигна висок столб, се качи на него и помина таму во пост и во молитва цели педесет и три години. Ни потсмевот на луѓето ни злобата на демоните не можеа да го оддалечат оттаму ниту да го поколебаат во неговата намера. Особено од демоните овој светител претрпе безброј маки. Не само што го застрашуваа со разни привиденија туку и го маваа со камења, не давајќи му мир ни дење ни ноќе долго време. Но Алимпиј мажествено се оградуваше себеси против силата демонска со знакот на крстот и со името Исусово. Најпосле демоните победени го оставија, а луѓето почнаа да го почитуваат и да му доаѓаат барајќи ги неговите молитви, утеха, поуки и исцеленија. Околу неговиот столб се подигнаа два манастири: од едната страна машки, а од другата женски. Во женскиот манастир живееја мајка му и сестра му. Св. Алимпиј ги раководеше монасите и монахињите од својот столб преку сопствениот пример и слово, а им блескаше на сите како небесна светилка, укажувајќи им го патот кон спасението. Овој Божји угодник имаше толкава благодат, што често го озаруваше небесна светлина и над него се креваше светлосен столб до небото. Беше прекрасен и силен чудотворец за време на животот и после смртта. Поживеа повеќе од сто години и се упокои во Господ во 640 година, во времето на царот Ираклиј. Од неговите Свети мошти се чува главата во Кутлумушкиот манастир на Света Гора.
Преподобен Стилијан
Пафлагонец, сонародник и современик на Св. Алимпиј. Имаше преголема љубов кон Господ Исус Христос и заради оваа љубов се предаваше на големи подвизи. Се одрече од сѐ, само за да има неподелена љубов кон Господа. Пред смртта ангелите се јавија за да му ја земат душата и лицето му заблеска како сонце. Беше голем чудотворец за време на животот и после смртта. Им помага особено на малечките деца и на бездетните родители.
Молитва кон свети Стилијан Пафлагониски
Направивте добар подвиг на земјата, на небото го примивте венецот на праведноста од Христос, нашиот Бог. Во меѓувреме, гледајќи го твојот свет лик, се радуваме на славниот крај на твојот престој и го почитуваме твојот свет спомен. Почитувајќи ја твојата голема смелост пред Господа, со смирение ти се молиме, почитуван оче: погледни тогаш со милосрдното око на твојата љубов кон нас, твоите недостојни слуги, и обиди се со своето богоугодно застапништво да го замолиш Царот над царевите и Господа. на господа, нека ја даде Својата голема и богата милост на духот на правилната вера, духот на љубовта, мирот и радоста во Светиот Дух, да ни даде на нас грешниците, нека нè избави од сите неволји и несреќи, нека се корисни за спасение на нашите души слезете. Таа, свети Божја, не ја срамни нашата надеж, која според Бога и Богородица ја ставаме на тебе, но биди наш помошник и покровител за спасение, нека ни е чест да го завршиме нашиот живот со покајание и да го согледаме вечното добро во Царството на Христос, нашиот Бог, и да ја прославиме љубовта на човештвото на Отецот и Синот и Светиот Дух, и твоето свето застапништво, сега и секогаш и секогаш и секогаш. Амин.