Хуманитарна акција – Божиќ 2016
И овој Божик, хуманитарците при црковната општина „Свето Благовештение“, а со благослов на надлежниот архиереј, господин Петар, доделија помош до социјално загрозени семејства низ градот Прилеп. Доделени се точно 72 пакети со храна и хигиенски средства, како и парични средства за тешко болни лица и самохрани родители.