✣✤✣
Божјата сила се покажува во нашата немоќ, за да се надеваме во Господа. Кротоста и воздржанието заедно со трпеливото поднесување на тешкотиите со кои се соочуваш, го привлекува врз тебе Божјото благоволение, и според вистинските Христови зборови, "кој претрпи до крај,ќе биде спасен"(Мт.10,22).
(Преподобен Мојсеј Оптински)
✣✤✣
Целата тајна се состои во тоа да го истрпиш тоа што Бог ти го испраќа. И нема да забележиш како ќе влезеш во Рајот.
(Преподобен Анатолиј Оптински)
✣✤✣
Твоето трпение не треба да биде нерасудливо, тоест, нерадосно, туку разумно, расудливо трпение дека Господ ги гледа сите твои дела, во самата твоја душа, како што ние гледаме во лицето на љубениот човек, т.е јасно, внимателно. Гледа и тестира: каков ќе се покажеш во страдањата. Ако претрпиш, ќе бидеш возљубен од Него. А дури и да не претрпиш и заропташ, но се покаеш, пак ќе бидеш возљубен од Него.
(Преподобен Анатолиј Оптински)
✣✤✣
На соништата воопшто не им верувај, и не им обраќај внимание.
(Преподобен Макариј Оптински)
✣✤✣
Секоја страст е болест на душата, бидејки зависта, гневот и алчноста не се телесни туку душевни. Штом болното тело треба да се лекува, колку повеќе е неопходно да се лекува болната душа. За борбата со страстите постојат манастири. Впрочем и мирјаните не можат да бидат исклучени од таа борба, ако сакаат спасение.
(Преподобен Варсануфиј Оптински)
✣✤✣
Искушението е скапоцено за тие што сакат да придобијат трпение. Трпението е искуство. Нема ли искушенија, ќе си останеме неуки будали. За своите беди да се обвинуваме себеси, а не другите.
(Преподобен Анатолиј Оптински)
Оптински Цветник
Превод од руски: Агапиј Тивериополски