логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Архимандрит Андреј Конанос

✤✣✤

Покајанието – слатка тага на душата

(V дел)

✤✣✤

Ќе дојде часот кога ќе се каеме за изгубеното време

✤✣✤

Тоа е убавината на Црквата. Се каеме, се враќаме, паѓаме и стануваме - преовладува чувство на враќање! Тешко е чувството на пад, таа горчина во душата, тагата и унинието што нѐ опфаќа, но о друга страна се радуваме што имаме Отец, Го најдовме Месијата, Го најдовме Избавителот. Радувај се Ти, Која си Го родила Учителот на заблудените, радувај се Ти, Која си Го родила Избавителот на пленетите! Он е нашиот Избавител, а ние сме оние пленетите, заблудените. Доаѓа нашиот Избавител, имаме Патеводител, и тоа е нашата радост, а не тоа што сме лоши – тоа е тажно.

Во Црквата има многу надеж, многу оптимизам. Покајанието е натопено со солзата, којашто штом ќе почне да станува жална, веднаш се претвора во радост. И веќе не знаеш зошто плачеш - затоа што тагуваш или затоа што се радуваш! Има луѓе кои за време на исповед плачат, плачат, сум видел такви што плачат, и ги прашуваш: „Сега зошто плачеш? Нели Господ ти прости!“ И вели: „Не знам, плачам и за тоа што го направив, плачам и затоа што ја чувствувам прошката, што Господ ме облеа со Својата љубов. Почувствував една прегратка во срцето, кога Му ги кажав гревовите, почувствував дека ме прегрна! Мене, гнасниот, грешниот, непотребен Негов слуга – како може да ме љуби толку со таа моја смрдеа? Како ме прегрнува мене, неизмиениот?“

А како таткото на блудниот син си го прегрна своето дете коешто беше во партали, со недели наназад немиено, валкано? Тој пречист татко, како го допре откако син му беше презрен во очите на луѓето. И Таткото рече:

-Ако зборуваш така, значи уште не Ме познаваш. Ако Ме нарекуваш Татко, а Ме сметаш за таков, уште не си разбрал каков е Бог. Не си го сфатил океанот на љубовта Моја, на Моето човекољубие, на Мојата добрина, на Мојата „несправедливост“. Јас сум Бог, неправеден според твоите мерки, бидејќи ја немам твојата справедливост, ги немам твоите мерила, туку ја давам Својата прошка како што сакам.

И додека ти на твојата вага треба да ѝ поставиш соодветна тежина за да постигнеш рамнотежа, Господ балансира како што Он сака. Он му плаќа на работникот од последниот час исто толку како на оној што работел од утро до вечер. А овој, последниов, негодува и вели:

-Господи зошто вака? Јас работев од утро до вечер и Ти ми даде плата, а тој дојде и започна да работи од вечерта и има иста плата. Зарем не е несправедливо тоа што го правиш?

А Бог му вели:

-А тебе зошто ти пречи тоа? Зошто те иритира? Љубовта е несправедлива.

Љубовта онеправдува. За таа неправда треба да се фатиме цврсто и да се надеваме на неа па така да се спасиме. Ако Бог ми суди според правда нема да се спасам, но ако ми суди не по правда, туку со љубов, милосрдие и прошка, на божествен начин, тогаш има надеж за моето спасение. „Господи, ако гледаш на моите беззаконија, тогаш кој ќе постои Господи?“ Кој ќе издржи, кој ќе го истрпи тој суд. Ако гледаш на моите гревови нема начин да се спасам. Но Твојата милост ќе натежне, ќе натежне една солза.

А ти имаш ли една солза? Тоа е она што го нарекуваме Божја благодат, што го нарекуваме Христово допирање до нашата душа. Тоа е плод на Светиот Дух. Плодот на Духот е обилни солзи. За тој дар не пишува во Писмото, затоа што е скриен и ненадеен дар, бликнува наеднаш и доаѓа од Бога според Неговата волја, така Бог нѐ восхитува. Светиот Дух има многу дарови, не само дарот на солзите, туку има и бескрај други дарови, божествени смисли, возвишени мисли, единствени доживувања, Божествено сјаење околу нас, Христова благодат, солзи... многу работи ни дава.

И така, ја имаш ли таа солза? Ако ја имаш тогаш има надеж за рајот. Прекрасна е таа солза која се лизга и Бог ја зема, ја зема нашиот ангел, а ти си мислиш дека таа исчезнува. Бог ја зема и ја носи во рајот каде што таа станува дијамант. И наеднаш ангелите гледаат на небото силна светлина и Му велат на Бога:

-Што е тоа што блесна? Што е тоа што сјае денес меѓу нас, среде ова свештено собрание? Што блеска толку силно денес, Господи?

А Он одговара:

-Тоа е солзата на еден човек што се кае, едно Мое чедо се покаја. Едно мое создание плачеше денес, плачеше горко. Му ги зедов солзите и ги направив дијаманти, коишто ќе го очекуваат за да го украсат неговиот венец кога ќе дојде во Моето Царство.

Тие дијаманти ќе ни дадат убавина. Тогаш тие солзи ќе ја разубават и нашата душа и веќе нема да има солзи, „таму каде што нема да има ни болка, ни тага, ни воздишка, но живот бесконечен“. Живот бесконечен. Но треба да има една солза, барем една солза. Старец Ероним Егински – има книга за него, напишана од негово духовно чедо - вели: „Солзи имам многу, но очите ми се мали, не ги собираат. Не ми стасуваат очите, Господи, за да ги исплачат солзите што ги имам од љубов кон Тебе, од покајание за моите гревови и за гревовите на луѓето!“

Колку убаво нешто е да имаме покајание! Секогаш, а не само во Великиот Пост. Секогаш треба да имаме покајание. Зашто и во денот на Пасха ќе си допуштиме грешки, дури и на Пасха и на Успение Богородично можат да се случат недоразбирања - колку кавги стануваат заради јадењето, заради семејни проблеми, а празници се! Некој може да каже дека празниците се време на радост – Рождество Христово, Пасха, самото лето, кога одиме на море, патуваме, си го  минуваме одморот, значи не се време за покајание. Но погледни, и таму каде што одиш децата твои ќе побараат сладолед, ти ќе почнеш да се нервираш што немаш пари и се лутиш на жена ти затоа што сака да запрете и започнуваат недоразбирањата. Ете нов повод за покајание. А како ќе се помирите? Така што ќе се покаете! За време на одморот, и во најубавото одморалиште, и на најубавото море, и на најубавите плажи ќе се појават поводи за покајание. Каде и да одиш треба да го носиш покајанието со себе, да го имаш постојано со себе. Тоа е многу полезно, многу неопходно, каде и да си, како кутијата за прва помош при патувања. Тоа ќе ти ги исцели раните на секојдневието, траумите – големи и мали. Тоа може да ги исцели сите големи душевни болки. Кога ќе се појават пред Бога, сите оние коишто се покајале, ќе имаат голема надеж за спасение. Останатите, коишто никогаш не сме се покајале, што ќе правиме?

Се сеќавам на еден случка од „Добрословот“ (Евергетинос), во него се зборува за еден мрзлив христијанин којшто безгрижно си го поминал животот без некогаш да се покае за она што го направил. Тој постојано правел гревови. Дошол крајниот час – и имал видение како Бог ја суди неговата душа. Таму бил и неговиот ангел чувар, даден на крштението, којшто барал да најде нешто добро за да може да каже „Господи, тој го направи ова“. Ангелот сепак не можел да види ништо добро во неговиот живот туку само егоизам, нервоза, измислици, гнев, оддалеченост од Бога. Сега што да прави, што да Му каже на Бога, сите тие работи со коишто се потсмевал, гледа дека се вистински. Што да каже тој човек пред Бога сега? Крај на лагите, крај на шегите. Тој си мислел дека вечниот живот е шега и велел дека само овој живот е вистински. Да јадеме, да пиеме, да го имаме она што е од овој свет, другото се измислици. И што гледа сега? Гледа дека она што го сметал за измислица е вистина, а тоа што го сметал за вистина е илузија. И заврши романот – во романите обично на крај луѓето поминуваат добро ... а ние уште подобро. Да, но сега сфаќа дека не е подобро, туку полошо, дека тој воопшто не се подготвил за она другото што го очекува. Не поседува ништо и наеднаш почнал да размислува за својот живот. Тој видел како тасот на вагата натежнува под неговите пороци. Ангелот негов бил многу натажен и плачел, а ѓаволот се радувал. Наеднаш и тој започнал да плаче, и тој, немоќниот, којшто бил на умирање, започнал да плаче и да вели: „Што направив, Боже, цел живот, цел живот во глупости, цел живот падови, цел живот далеку од Тебе – тоа е најлошото, тоа е мојата најголема глупост! Мојот најголем грев. Не Го познав Бога! Живеев како кучињата, дури и полошо од нив, зашто тие умерено ги следат своите инстинкти, а јас ги следев само моите животински инстинкти, страстите и ништо друго. Не помислив дека Бог постои! Не мислев дали постои душата. Сега гледам сѐ“.

Тој човек го гледал целиот свој живот како на лента. Никогаш немал заплачено. Тој, толку тврдиот по срце, започнал да плаче и зел една крпа и си ги избришал очите. Вагата веќе била натежната кон неговите пороци, стрелката се спуштила до долу. Во последниот момент ангелот смислил нешто. Љубовта секогаш смислува нешто. Љубовта е инвентивна. Што направил ангелот? Тој ја зграбил таа крпа, тоа натопено од солзи крпче и го ставил на другиот крај на вагата со зборовите: „Господи, пред да донесеш крајна одлука види го ова крпче, овие солзи, зарем не можат тие да направат чудо. Види му го покајанието, макар и сега во последниот миг, две минути пред да се упокои. Ти си милосрден, Господи, и другпат си го направил тоа, на Крстот го спаси разбојникот во последниот миг“. Тој го поставил натопеното крпче и вагата натежнала на другата страна, Господ му простил.

Семоќна е таа солза, солзата на покајанието! Имаме ли такви солзи? Да најдеме време во нашиот живот, денес, утре, задутре, секој ден да се покајуваме по малку за тоа што сме го направиле и за тоа што имаме намера да го направиме. За тоа што го прават нашите ближни, и за кое никогаш не сме се каеле. А и тие никогаш не се покајале.

Да Го молиме Господа да нѐ допре со тој жезол со кој Мојсеј ја допре карпата и бликнала вода во пустината. Нека Господ ја допре таа карпа на нашето срце, тврдо како камен, и да потече таа животворна солза. Помолете се за мене, а и јас за вас. Амин.

Извор: Бигорски манастир

 p.andreas-konanos

Друго: 

29-ти  декември, лето Господово 2015

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная