† ЈУБИЛЕЈ 65 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕ И 35 ГОДИНИ АРХИЕРЕЈСКО СЛУЖЕЊЕ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ
Црквата, според својата структура, е богочовечки организам, кој е складен само тогаш кога сите негови служби и дарови се во меѓусебна согласност. Затоа и апостолот Павле вели: „И не може окото да и рече на раката: Не си ми потребна, ниту, пак, главата на нозете: Не сте ми потребни... за да нема расправии во телото, а органите подеднакво да се грижат едни за други (1Кор. 12, 21-25).