На 22 октомври 2016 Лето Господово, на празникот посветен на св. апостол Јаков Алфеев и св. праотци Авраам и Лот, се изврши осветување на храмот Св. пророк Илија, во Горно Нерези, Општина Карпош. Чинот на осветување го изврши Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската православна епархија по што следеше Божествена Литургија. Изградбата на храмот е дело на благочестивите христијани од Долно и Горно Нерези. Инаку во склоп на манастирскиот комплекс има и параклис на Св. Илија од 1887 година.
Извор: Скопска епархија