За безредниот живот на верниците и клирот – Св. Јован Кронштатски
Колку е жално да гледаме дека на Господови празници непријателот го зема од христијаните својот данок, многу голем данок, и колку поголем е празникот, толку повисок данок плаќаат христијаните на непријателот, зашто, што гледаме за време на празниците? Полна суета, разузданост на плотта (телото), пијанство, разврат, тепачки, кражби, забава. Боже мој! Какво угодување на плотта! Какво усрдно служење на ѓаволот!