логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, изговорено во манастирската трпезарија, за Деветтата недела по Воздвижение (за безумниот богаташ), 1 декември 2019 лето Господово

Мили мои, денес од Евангелието ја чувме параболата изговорена од устата на Спасителот, за богатиот човек, на кого нивата му беше родила многу. Гледајќи го изобилието на плодови, тој почнал да размислува што да направи, како да се справи со новата ситуација, како да го складира обилниот род, бидејќи неговите дотогашни складишта, амбарите, биле мали за да ги сместат плодовите. И смислил. Ќе ги урнам амбарите свои, си рекол на себе, и ќе соѕидам поголеми и таму ќе го соберам сето свое жито и сите свои добра, и ќе и речам на душата своја: „Душо, имаш многу добра, насобрани за многу години; почивај, јади, пиј и весели се!“ (Лука 12,18-19).

Треба да се напомене дека оваа парабола Господ ја кажува како одговор на еден млад човек, којшто претходно Го беше замолил да му наложи на неговиот брат да го раздели наследството со него. Би можело лесно да се претпостави дека неговиот брат бил алчен, штом не сакал да го раздели имотот, па овој упорно Го молел големиот Учител да интервенира. Но, Господ му одговорил: Човеку, кој Ме постави да ви судам или да ве делам? Потоа им кажа: „Внимавајте! Чувајте се од алчноста, зашто животот на човека не зависи од изобилието на неговиот имот“ (Лука 12,14-15). Во продолжение на ова, Христос ја кажува денешната парабола, со јасна порака – дека сѐ што човекот поседува на земјата не е негово, туку на Бога. Господова е земјата и сè што ја исполнува (Псал. 23,1). Човекот треба само да биде добар економ, праведен распоредител на она што Бог му го подарил. Доколку тој на правилен начин, неострастено стопанисува со дадените од Бога блага, тогаш ќе има повеќе од доволно и за него, и за другите околу него.

7.Vselenski.sobor
Параболата за безумниот богаташ

Очигледно е дека човекот од параболата бил и претходно богат: На некој богат човек нивата му беше родила многу… вели Евангелието. Имал, значи, прилично големо богатство, а сега, поради обилното Божјо плодородие, се случило да добие уште повеќе, така што дури и се загрижил каде ќе го складира сето тоа. Забележете добро: вината на овој човек не била во тоа што тој бил богат. Да се биде богат не е грев. Прататкото Авраам, на пример, бил еден од најбогатите луѓе во своето време, но не бил острастен кон материјалното. Кога Бог побрал од него да ја напушти татковата и да отиде во непозната земја, тој веднаш, без двоумење, оставил сè што имал и тргнал да ја исполни заповедта Божја. Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој ропски да им служи ним. И еве, во денешната парабола е опишан токму таков човек, еден типичен егоист, потонат во своето себељубие, чиешто божество било сопственото јас. Погледнете само колку пати во една реченица тој ги присвојува за себе нештата што Бог му ги дал: плодовите свои, амбарите свои, сето свое жито и сите свои добра, душата своја. Свое, свое, свое… А никаде ни трага од благодарност кон Оној Кој му ги дал сите тие блага, вклучително и душата! Овој богаташ, како закоравен егоист, кај кого материјалното богатство и сопствениот хедонизам му се на прво место, не ни помислува на својата околина, сосема ги заборава своите ближни, а се разбира, и Бога. Таквиот просто е заслепен од среброљубие и егоизам, така што не може да види ништо друго околу себе, освен – себеси и своите потреби. Еднаш, еден човек сакал да му покаже на својот пријател дека претерано се острастил кон парите, така што не забележувал што реално се случува околу него. Не можејќи никако да го убеди во тоа, се досетил на еден интересен и необичен начин: зел некаква монета, кованица, ја ставил на неговото око и го прашал што гледа. „Ништо не гледам“ му одговорил пријателот. „И да знаеш дека навистина ништо не гледаш“, му укажал овој, „бидејќи парите ти го помрачиле видот“. Среброљубецот не гледа ништо друго освен богатството и тоа како да приграби уште повеќе.

За да стигне човек до таков стадиум на краен егоизам, претходно, рековме, треба сосема да Го има заборавено Бога. Да има заборавено дека Господ е најголемиот Доброчинител и дека сѐ што имаме Му должиме Нему. Бог е апсолутниот Имател и Дародавец на сите материјални и духовни дарови. Кога човекот ќе го занемари тоа, се предава на најсуров егоизам. Потполно заборавајќи на Бога, тој мисли дека животот е само овде, дека целото негово постоење се сведува само на земната среќа и изобилието на неговиот имот. Ете зошто на човекот којшто побарал од Него да му помогне околу делбата на наследството, Господ му рекол: животот на човека не зависи од изобилието на неговиот имот. Напротив, неговата смисла се наоѓа во единството со Бога и во тоа човекот да знае да го цени и правилно да раководи со сето она што Господ му го дал за негово лично, но и за спасението на неговите ближни. За жал, во светот има многу богати, кои се однесуваат подобно на богаташот од денешното Евангелие. Речиси секојдневно слушаме или читаме за личности чиешто богатство се проценува на милијарди, милијарди евра и долари. Еве, на пример, деновиве прочитав нешто интересно за поранешниот директор на американската компанија Аpple, Стив Џобс, кој се упокои во 2011 година. Неговото богатство било проценето на 11 милијарди долари! Меѓутоа, слушнете нешто мошне интересно: овој човек на крајот од животот, сепак добил некакво просветление за безначајноста на материјалното богатство и за смислата на човековото постоење. Имено, пред да умре, тој оставил едно кратко послание, во кое, меѓу другото, вели:

    Во очите на сите останати, мојот живот е рецепт за успех, меѓутоа на страна од работата, јас приватно уживам многу малку среќа. На самиот крај, богатството е само факт во мојот живот на кој сум навикнат. Во овој момент, лежејќи на креветот болен и беспомошен, присеќавајќи се на сите работи од мојот живот, сфаќам дека целото мое богатство и моќ, се комплетно безначајни на прагот од смртта“. – Ете, се потврдуваат зборовите од Евангелието дека животот на човека не зависи од изобилието на неговиот имот. И продолжува: „Со пари, можеш да најмиш некој да ја вози твојата кола наместо тебе, да прави пари наместо тебе, но не можеш да платиш никој да ја носи твојата болест наместо тебе. Секој еден што трага, може да најде материјални работи. Но постои една работа што откако ќе биде изгубена, никогаш повторно не може да биде најдена, a тоа е животот… Сакајте ја својата фамилија, сакајте го вашиот сопружник/чка, сакајте ги вашите пријатели. И запаметете, сакајте ги луѓето што Бог ги пратил во вашите животи, еден ден ќе му требаат назад.

Вели: „На самиот крај…“ Слава Му на Бога што овој богат човек, макар на крајот од животот, сепак ја сфатил на некој начин безвредноста на материјалното богатство. Но, да знаете, тоа ретко се случува со острастените среброљубци. Во Евангелието денес, токму кога богатиот човек, според својата световна логика, си го „решил“ животното прашање, направил поголеми складишта за храната, собрал сѐ, ѝ заповедал на душата да јаде, да пие и да се весели – внимавајте: ја поистоветил душата со телото, зашто душата ни јаде, ни пие – ете, токму тогаш Бог му рече: „Безумниче, ноќва ќе ти ја побарам душата твоја; тоа што си го приготвил, кому ќе му остане?“ (Лука 12,20) Господ го нарекува овој човек безумник! Колку жално! Создаден како словесно битие, со ум и разум, со господственост, според образот и подобието Божји, а се довел во состојба – од Господ да биде наречен безумник. Уште во древно време Бог ги нарекува безумници оние што не веруваат во Него и си мислат дека изобилството, нивното материјално богатство, ќе ги направи среќни во овој живот. Така, во псалмот 13 се вели:

    Рече безумниот во срцето свое: „Нема Бог“. Се развратија луѓето, вршат гнасни дела, нема кој да прави добро. Господ погледна од небесата со внимание кон синовите човечки, за да види, има ли некој разумен, кој Го бара Бога. Сите застранија, сите станаа лоши, нема кој да прави добро, нема ниту еден. Зар нема да се вразумат сите злосторници, кои така го јадат народот Мој, како што јадат леб и кои не Го повикуваат Господа? (Псал. 13,1-4)

Гледате? Оние коишто Го заборавиле Бога го јадат народот Божји како што јадат леб, затоа што се ненаситни. Ништо не им стасува на овој свет, па цел живот грабаат, за накрај тука да го оставаат сето натрупано богатството, кое не може да им помогне за спасението на душата.

И денес има такви што мислат дека атеизмот е нешто прогресивно, нешто cool. За жал, многумина од младите милуваат да кажат: јас сум атеист. Кај мене доаѓаат многу млади деца и ми зборуваат дека во училиште било модерно да кажеш дека си атеист. Јас им одговарам: „Па тоа не е нешто ново, модерно, туку, напротив – многу е назадно. Горниот псалм цар Давид го напишал уште пред 3000 години!



И гледајте што вели псалмот: Господ погледна од небесата со внимание кон синовите човечки, за да види, има ли некој разумен, кој Го бара Бога. Господ, значи, нѐ гледа со внимание, со љубовна опомена, сакајќи да бидеме разумни. А кој е разумен? Оној кој вистински Го бара Бога. Спротивно на ова, пак, безбожникот е наречен безумен. Значи атеизмот, безбожието, е последица на страшната огревовеност на човекот, на неговиот безумен егоизам, така што воопшто не е нешто напредно и ново, туку многу старо, исто колку и човечкиот грев. Адам, нашиот прататко, во Едемската градина го сторил првиот грев, а со тоа од разумен, станал безумен. Се полакомил да го грабне она што не му припаѓало, иако имал сè во изобилие; бил поставен за цар на творението. Господ му го дал Својот дар на господственост – да господари со целокупната твар. Но, му дал и една единствена заповед, да не вкусува од дрвото на животот. А Адам токму тоа го направил. Се полакомил по она што во моментот не му припаѓало, станал, на некој начин, грабливец. И тоа станало наше наследство. Затоа ви велам: треба да  се бориме, мили мои, со грабливоста што си ја носиме во себе после гревопадот, да се бориме со егоизмот во нас и тогаш ќе имаме сѐ во изобилие. А што е најважно да имаме? Духовна радост – вистинска среќа, која доаѓа од постојната средба во срцето со Бога. Го имаш ли Бога во себе, тогаш имаш сѐ. Свети Јован Златоуст, советувајќи ги луѓето, поконкретно родителите, ги поучува: „Наместо на своите деца да им оставате голем имот и богатство, трудете се најпрвин да ги воспитате во духот на христијанската вера, бидејќи ако не ги воспитате христијански, а им оставите многу имот, еден ден тие ќе се испокараат и разделат поради него, а тебе ќе те проколнуваат. Ќе речат: ‘О, проклет да е денот кога замина и ни ги остави овие имоти, та секојдневно да се караме околу нив. Си го изгубивме мирот и братољубието‘. Но доколку ги воспиташ како вистински Христијани, макар и сиромаси да ги оставиш, тие ќе знаат да стекнат имот и ќе те благословуваат“. Ќе знаат, бидејќи ќе Го бараат, пред сè, Оној Кој е Многумилостив и во Кого има секакви богатства. Барајќи го најнапред Него, тие ќе имаат сѐ, како што Самиот Он вели во Евангелието: Барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сè ова ќе ви се придодаде (Матеј 6,33). Материјалните богатства нема никогаш да нѐ задоволат, ниту пак, ќе ги земеме со нас одовде. Имаме толку примери кои нѐ опкружуваат, од кои можеме да се поучиме. Наместо трката по нив, да го избереме патот Христов, кој е давање и служење на ближните. Кога Синот Божји не дојде да Му служат, туку дојде да послужи (Матеј 20,28), тогаш колку повеќе ние, следбениците Негови, сме должни да ги љубиме ближните како себе си? За тоа, секако, е потребен голем труд, борба со егоизмот во себе.

Ве молам, мили мои, да не си дозволиме никогаш да бидеме наречени од Господа безумни. Он нѐ создал словесни, со разум. Што е, всушност, разумноста? Уште старите Хелени, древните философи, разумноста ја дефинирале како свест за тоа што треба, а што не треба да се прави. Свети Петар Дамаскин, пак, додава дека разумноста претставува и будност на умот. Што треба, значи, да се прави општо во животот? Кој пат да се избере? Господ Исус вели: Јас сум Патот, Вистината и Животот (Јован 14,6). Следствено, кој Го избира Него, го избира патот на разумноста и секогаш ќе знае што треба да прави. Рековме, потребна е и борба, силна борба, борба со егоизмот во нас.


Господ да ни даде сили да бидеме добар пример. Оти, ние, Христијаните, треба со нашиот живот да проповедаме дека алчноста и егоизмот се нешто многу страшно, дека се тешка болест од која смртно боледува целото човештво. И во нашата Татковина, што е најголемиот проблем? Алчноста на нашите водачи. Веќе сме презаситени од вести за тоа колку пари се проневерени во државава. Една власт заминува, друга доаѓа и повторно истото се случува. Зошто? Затоа што рече безумникот во срцето свое: нема Бог. А штом еден човек не мисли на вечниот живот и на вечните вредности, таквиот не мисли на никој друг, освен на себеси. Тој е обземен од разни страсти и живее во мрак. И кога тој се наоѓа во мрак, како на другите ќе им донесе светлина?

Благодатта Божја, мили мои, да нѐ сочува од таквата ужасна беда и да нѐ насочи да го избереме патот на светлината, да Го избереме нашиот Спасител Христос. Амин!



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3120
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7590
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная