Грузиската Патријаршија организираше округла маса за опасноста од игрите на среќа (05.02.2020)
Во Грузиската Патријаршија беше организирана втора по ред округла маса на духовници и експерти, посветена на општествените опасности од сè популарните игри на среќа. Целта на средбата беше да се разработи стратегија за намалување на тешките последици од учествувањето во игри на среќа, кое ги разнебитува семејствата и самата личност. Разгледани беа мерки на претпазливост кај зависност од хазардни игри кај млади лица.