Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 10)
Во она време минуваше и Му се случи во саботен ден да минува преку нивјето, и почнаа учениците Негови, врвејќи, да кинат класје. А фарисеите Му рекоа: „Гледај, зошто го прават учениците во сабота тоа, што не треба да се прави?“ Но Он им рече: „3ар никогаш не сте читале што направи Давид, кога имаше потреба и огладне сам тој и оние, што беа со него?