„Она што може да ја придвижи волјата и трудот во практикувањето на покајниот начин на живот е само и само, љубовта кон Бога, а љубовта кон Бога е невозможно да биде над љубовта кон ближниот со кого се поистоветува Христос. И така, ние никогаш нема да ја исполниме суштината ако не простиме со љубов на ближниот, и за на тој начин, не да се измириме само со него, туку и со себе, а во исто време со Бога....Значи, невозможно е да се трудиме во покајние ако не сме простиле.’’
...
„Господ го познава срцето на секој човек, кое ако љуби и ќе простува, ако љуби и ќе се покајува, ако тоа го чини непрестајно ќе ја потврди верата во која живее, а со надежта која му е поткрепа во Воскресението и љубовта која е само Христова особина, а ние нели треба да се уподобиме на Христа, преку молитвите на единствениот човечки пример, Богородица и секогаш Дева Марија, и сите светии кои немале време за формалности, бидејќи биле исполнети со благодатта Божја и во таа состојба не можеле да се занимаваат со другите, онака како што гласи и самата молитва на свети Ефрем Сирин, која ако се живее ќе биде доволна да се вкуси плодот на покајанието, благодатта која го просветлува и осветува секој човек што доаѓа во светот.’’
~ Отец Горан Стојчевски
(извадок од беседата „Формализмот во покајанието’’)
Подготви:Снежана Корнет