†††
Сите Свети Отци го почитуваат смирението како основа на секоја добродетел. При присуство на смирение во душата лесно се развиваат сите други добродетели. Но кога нема смирение, тогаш добродетелта престанува да биде добродетел, а светоста преминува во прелест; тогаш делата на милосрдието, подвигот на постот, умртвувањето на телото и тн., сето тоа се врши поради суета и сл.
Суштината на гордоста е –да се затвориш за Бога, а суштината на смирението –да му дадеш на Бога да живее во тебе“.
Покрај ова,како што пишува преподобен Исак Сирин: „Смирението и без подвиг повеќето прегрешенија ќе направи да бидат простени. Спротивно на ова, без смирението и подвизите се бескорисни, дури доведуваат и до многу лош исход. Со смирението направи ги твоите гревови да бидат простени. Какво што е и значењето на солта за секое јадење, такво е и значењето на смирението за секоја добродетел, тоа може да ја скрши тврдината на многу гревови. Кон смирението треба непрестано да се стремиме. И ако успееме да го стекнеме смирението, тогаш тоа ќе нè направи Божји синови и без добри дела ќе не престави пред Бога, затоа што без смирение –залудни се сите наши дела, секакви добродетели и секакви дејствија“.
За ова во историјата на црквата го има следниот расказ: една христијанка се нашла на пуст остров и таму поминала четириесет години во подвиг, молитва, пост и секакво лишување. Еден ден дошол кораб до островот и така таа се вратила на копното. Сретнувајќи еден старец таа му раскажала за својот пустински живот. Кога таа завршила со раскажувањето за себеси, старецот ја прашал: „А, можеш ли ти да примиш навреди и други непријатни работи?“ -„Не оче“, одговорила збунето подвижницата. „Тогаш, ти ништо не си стекнала за сите 40 години на твоите подвизи“. „Смирението и самото може да ве внесе во царството Божјо, макар и да е внесувањето позабавено“ пишува преподобен авва Доротеј.
Извор:„ С. Лавров- Како да се смируваме“