Скопје, 2ри март 2019 г.- храм на св.Петка, н.Црниче
Стихови:
Не спомнувај ги гревовите на умрените, Слове,
Твоето милостиво срце да не држи лутина.
Твоето милостиво срце да не држи лутина.
Во овој ден божествените оци озаконија да се прави помен на сите од века благочестиво упокоени луѓе, од следниве причини: прво, бидејќи има луѓе кои предвреме се упокоиле во туѓина, во мориња и непроодни гори, стрмнини и јами, во несреќи и од глад, пожари, ледови, бури и мразеви, и претрпеа и други видови смрт, како и други луѓе сиромашни и немоќни кои не биле придружени со потребните црковни молитви, божествените оци, научени од свештените апостоли, и движени од човекољубие, определија соборно да се прави заеднички помен, покажувајќи со тоа дека починатите имаат полза од молитвеното посредување на Црквата.
Второ, бидејќи наредниот ден (недела) е посветен на Второто Христово пришествие, погодно е да се прави помен и за душите на починатите, молејќи Го страшниот Судија да биде милостив кон нив. Во оваа недела се потсетуваме и на изгонувањето Адамово од рајот. Споменувањето на Страшниот суд има уште за цел да ни ја претстави сликата на Судот, за да покаже дека постот е богоугодно дело. Во сабота правиме помен за душите уште и затоа што сабота на еврејски значи покој, одмор. Оттука и секоја сабота е ден определен за спомнување на умрените, а во оваа сабота, пак, правиме заеднички (соборно) помен, молејќи се за секој благочестив. Затоа божествените отци, знаејќи дека правењето помени за умрените, односно милостините и службите, донесува големо олеснување и полза, откако го примиле тоа од апостолите, ова и го довериле на Црквата.
На 2ри март 2019 година, кога МПЦ-ОА молитвено го прослави споменот на светиот великомаченик Теодор Тирон,преподобниот Теодосиј Бугарин и неговиот ученик Роман,и света Маријамна (Марија), во храмот на св.Петка, во скопската населба Црниче се отслужи Заупокоена Божествена Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во својата беседа отец Спасе посочи колку е голема потребата од нашата молитва за упокоените во верата праотци, отци, нашите роднини, со надеж на Воскресение и вечен живот.
Преминпортал (к.т.)
Друго:
- Божествена Литургија во храмот на св.Петка, Скопје (17.12.2018)
- Божествена Литургија во храмот на св.Петка, Скопје (29.06.2018)