Старец јеросхимонах Макариј: За вистинскиот христијански живот
„ ...Таа ноќ (спроти Велики Петок) никако не спиев. Го прочитав само првото Евангелие и ислушав уште три и отидов во келијата. Мислев, дека ќе заспијам, но не можев. Од тоа чувствував замор. Но, не треба ли јас за ова да благодарам на Бога? Тој за нас трпел такви неподносливи страдања, маки и скрби, така што, во Гетсиманската градина, рекол: ,Смртно е нажалена Мојата душа' (Мт. 26, 38).