логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 (Обновено)

БОЖЈАТА МАЈКА - „нова радост“ за христијаните

Поради побожното чувство кон Пресвета Богородица, православните христијани уште од првите времиња го изразувале почитувањето на Божјата Мајка.
Тие на тоа гледале како на свет долг, постојана обврска на секој Христов следбеник.

Првите христијани постојано Ја повикувале во своите молитви, знаејќи за Нејзиното големо достоинство и силата на Нејзиното застапништво пред Бога.

Од Литургијата, која му се припишува на апостолот Јаков, а која несомнено припаѓа на Ерусалимската Црква, се гледа дека Црквата во тоа време Ја славела Марија, како Света, Пречиста, Преблагословена и Славна Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија.

Побожното почитување на Богомајката, со кое Црквата секогаш била преисполнета, особено јасно се покажува во пофалните слова во Нејзина чест, изговорени од светите Отци и учители на Црквата од 3 и 4 век.

Тие во своите дела сведочат дека древните христијани во своите молитви прибегнувале кон Дева Марија како кон Застапничка и Помошничка. Така Ѝ се молела светата маченичка Јустина за време на своите страдања и преподобната Марија Египетска во моментите на своето каење за гревовите, молејќи за Нејзино застапништво.

Почитувањето на древните христијани на Божјата Мајка било толку големо, така што тие ни предале сѐ за Нејзиниот живот, па дури и за Нејзиниот надворешен изглед.


Според кажувањето на св. Амвросиј Медиолански (Милански) и св. Игнатиј Богоносец „Пресвета Богородица, кога живеела на земјата, била Дева не само со телото, туку и со духот,

смирена во срцето, во зборовите богомудра,
трпелива во разговорите, неуморна во читањето на Писмата,
во напорите бодра, во беседите целомудрена,
како отсекогаш да беседела со Бога.

Таа никогаш не навредила, на сите им посакувала само добро, од никого не се гнасела, не го презирала ниту најболниот човек, никого не исмејувала.
Од Нејзината уста излегувале само благодатни зборови, а во делата се огледувале скромноста и девственоста.
Нејзиниот надворешен изглед го покажувал Нејзиното внатрешно совршенство, изразувајќи незлобливост и милосрдие.

Сите Свои денови Таа ги претворила во пост.
Спиела само кога било потребно, но и тогаш, додека Нејзиното тело се одморало, Таа со духот бдеела и додека спиела го повторувала прочитаното или размислувала за исполнувањето на саканите намери, или поставувала нови.

Од домот излегувала само во црква и тоа во присуство на роднини. Сепак, и ако се појавела надвор од Својот дом во придружба на други, Самата си била најдобар чувар.
Другите го штителе само Нејзиното тело, а карактерот (навиките, начинот на живот) Самата си ги чувала“.

Свети Епифаниј Кипарски и по него св. Никифор Ксантопул, кои живееле – првиот во 4 век, а вториот во 14, врз основа на преданијата до кои дошле, кажуваат за надворешниот изглед на Сегогашдева Марија:

„Била со среден раст. Бојата на лицето `и било како бојата на пченичното зрно, светлокостенлива коса, донекаде боја на злато,
сјајни очи, природен поглед, зениците како плод од маслинка,
веѓите малку закривени и темни, носот благо издолжен,
устата слична на цвет од ружа и слаткоречива, лицето не сосем тркалезно, но не и зашилено, туку малку издолжено, и прстите издолжени.

Кај Неа немало никаква гордост, туку едноставност без ни најмалку лицемерие, немало никакава разнежнетост (размазеност), туку во сѐ совршено смирение.

Нејзината облека била проста, а како доказ за тоа служи Нејзината риза, која и сега се чува.
Со еден збор, во сите Нејзини дела Божествено сјаела преизобилна благодат“.

Побожните христијани, девственици и девственички, во подвизите на своето благочестие се крепеле не само на молитвите кон Пресветата Дева, туку и на Нејзиниот ангелски живот.

Во времето на ересите и иконоборствата како примерни почитувачи на славата на Богомајката служеле побожните цареви Константин, Јустинијан и др. Атанасиј Велики против аријанците вели:

Ако родениот од Дева е Цар, Господ и Бог, тогаш и Таа Која Го родила треба да се нарекува во вистинска и првенствена смисла – Царица, Господарка и Богородица“.

„Радувај се, Маријо, Мајко Божја!“, Ја исповедаше Ефескиот Вселенски собор, победувајќи го Нестор.
„Ти си – Покров на целиот свет, незгаслива Свеќа, Венец на девственоста, Скиптар на Православието, Ризница на Несместливиот, Мајка и Дева!“.

Православната Црква, непрестајно штитена од покровот на својата небесна Заштитничка, не само што ги зачувала древните свети денови на почитување на Божјата Мајка, туку и ги умножила.

Од денот на Успението на Божјата Мајка или подобро кажано, од моментот на Нејзиното преселување од земјата на небото, за секој христијанин се појави „нова радост“.

Христијанинот гонет од сите бури на земната судбина, се здоби со верна Застапничка на небото. Од тој момент, меѓу легионите од ангели и небесни сили, тој (христијанинот) има ЕДНА, Која повеќе од кој било друг од небесните жители, ги разбира воздишките и солзите, горкото и често непромислено липање на срцето, растргнато од внатрешната борба или разурнувачките налети на надворешните бури.

Таа сѐ разбира: „Неа Ѝ се познати сите човечки слабости“.
Сега во Небесниот совет секој христијанин има своја Претставничка: подражавајќи Го Својот Син, посредничката меѓу Бог и човекот – Таа посредува за секого, за секого се моли.

Затоа на целата земјина топка, во целиот христијански свет, нема царство, народ, кои побожно не Ја почитуваат Светата Дева.

Божјата Мајка е една неспорна Надеж и Посредничка на грешните. Таа ги спасува и милува сите кои застануваат под Нејзиниот Мајчин покров. Таа е непресушен Источник на милоста, несоборлива Тврдина, непроменлива Посредничка пред Творецот, Надеж и Претставничка на сите верни, кои се надеваат на Неа.

„Преку Неа – вели блажениот Августин – Бог слегол на земјата, за преку Неа луѓето да се удостојат со вознесување кон Него“.

„Таа – како што кажува св. Димитриј Ростовски – застанувајќи помеѓу Бога и нашите гревови, како Посредничка, не им дозволува на нашите гревови да приоѓаат блиску до Бога и со Своите молитви ги одбива нашите смртни гревови, кои лаат како пес“.

Неа единствената, Господ и Синот Нејзин, `и кажал дека ќе ја исполни секоја Нејзина молба и дека со Нејзиното Мајчинско молење, ќе се одврати од грешните праведниот Божји гнев, кој се подига над нив.

Дева Марија е Владетелка – најмилосрдна од сите човечки синови и ќерки, како Ќерка на Бог Отецот, Кој е Љубов, Мајка на Бог Словото, нашата Љубов и избрана Невеста на Светиот Дух, Кој е Едносушна Љубов на Отецот и Синот!

Како да не се прибегнува кон таквата Владетелка и да не се очекуваат од Неа сите духовни богатства!?

Сите обраќајте се за помош кај Божјата Мајка. Таа, Владетелката, е рана за бесовите (лошите духови) и наша прва Помошничка!

О, колку пофалби и благодарења вознесува христијанската душа кон Пресвета Богородица. Но не е доволно само да се љуби Пресветата Дева, неопходно е да се подражава и Нејзиниот најсвет живот, Нејзината чистота, Нејзината непорочност, кроткост, милосрдие, смирение, совршената предаденост на Божјата волја.

Само тогаш можеме да се осмелиме да Ја наречеме своја Мајка и само тогаш нашите молби Ѝ се благопријатни, а воедно и спасоносни за нас.

Светогорските отци, како жители на Нејзиното земно наследство и имот, трудејќи се да Ја почитуваат, поставиле правило – сите кои сакаат Пресветата Дева брзо да ги чуе нивните молитви, да ги умножуваат поздравите кон Неа:

„Богородице Дево, радувај се благодатна Маријо, Господ е со Тебе, благословена си Ти меѓу жените
и благословен е плодот на Твојата утроба,
зашто Ти Го роди Спасителот на нашите души“.

Оваа молитва ја читале наутро и навечер, по три пати со земни поклони и полека, односно срдечно, постојано со мисла дека секој миг од нашиот живот може да биде последен и дека треба да бидеме подготвени ако ненадејно нѐ повика Господ на Судот, зашто како ќе нѐ затекне, така ќе ни суди.

Пресветата Дева е голема Помошничка на родот христијански, а особено на подвижниците во духовниот живот и на оние кои посакале да се отрезнат од гревовниот живот.

Затоа, ние не треба да Ја нажалуваме, бидејќи Таа нѐ љуби.
Ако сакаме да кажеме нешто лошо, ако злото врие во нас, треба да се потсетиме:
„Божјата Мајка ме љуби и ќе плаче, затоа нема да го изговорам тоа“.

Ако сакаме да направиме нешто лошо, тогаш треба да речеме:
„Нема тоа да го направам, бидејќи тоа ќе Ја навреди Божјата Мајка“.

Ако помислиме на нешто лошо и злобно, веднаш да речеме:
„Тоа ќе ја нажали Неа, нема да смислувам лоши работи“.

Ја нажалува и нашата нечистотија, затоа да ја избегнуваме, да бидеме подобри.
И на крајот, Ја огорчува отсуството на љубовта кај нас.
А љубовта треба секогаш да ја има помеѓу нас зашто Господ тоа го заповеда, велејќи:
„Ви заповедам: да се љубите едни со други“.

И ние треба да љубиме, треба во сѐ да постапуваме со љубов, бидејќи Богомајката ги љуби оние кои го исполнуваат законот на Нејзиниот сакан Син.

И ако постапуваме така, во сѐ прибегнувајќи кон Неа, трудејќи се да не Ја огорчиме, тогаш Таа ќе ни ги прати, не само Своите Божествени дарови, туку ќе нѐ покрие со Својот светол омофор, сега и во сите векови.

Амин!

Старец  схиигумен  Сава Псковско-Печерски

Преземено од фб профил на

Оливера Соколова Македонска

 

Друго:

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная