НЕДЕЛА НА БЛУДНИОТ СИН И СВ. ТРИ СВЕТИТЕЛИ (12.02.2017)
Во историјата на блудниот син секој грешен човек може, а и должен е да се согледа себеси и својата судбина. Да ги согледа своите заблуди, престапи, отстапки, а во исто време, и можност да се врати од сите тие погрешни патишта. Секој човек е должен да ја чувствува благодатта и радосното престојување во домот на својот родител. Но, не само да ја чувствува родителската љубов, туку, истата и да ја ползува.