логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Ајде да се потсетиме на еден наш текст од 17 септември 2016 година, кој секогаш ќе биде актуелен, за да продолжиме со истата тема, следниот пат, и малку поконкретно духовно.

Знаеме дека основна тактика на ѓаволот и на сите демони е тактиката – злобно раздели, па владеј – познатото: dividе et impera. Природно однесување на Богочовекот Исус Христос е – љубовно обедини и служи. Така се однесува Црквата и така се однесуваат Христовите ученици. Препознатливи примери, и меѓу нас, за првото има. Примери за второто – ретки. Tесен е патот.
            Како демонот ја постигнува својата разорувачка цел? Демонот го користи нашиот личен внатрешен расцеп, нашата нецеловитост, нашата неисцеленост, односно расцепот меѓу примарната функција на нашиот непросветлениот ум и неговата секундарна функција – прехранетиот разум, и преку овој внатрешен умен расцеп успева еден дел од целото да ни го прикаже како цело, а целото да направи да го превидиме. И нормално, превидот е во согласност со нашите страсти.
            Овој и ваков расцеп на двете функции на нашиот ум, во својата почетна фаза се нарекува прелест, односно лажна состојба на умот, а во својата завршна фаза – откако помислите што од него произлегуваат ќе ги прифатиме во срцето, се нарекува илузија. Тешко на човекот што живее во прелест или илузија, тој нема внатрешен мир.      

      На пример, кога за еден човек донесуваме осудувачки заклучок, само врз основа на еден негов збор, или поглед, или најмал гест, или дело, или наше внатрешно непријатно чувство кон него или помисла, тогаш демонот успеал од еден негов неконстантен или имагинарен дел да произведе во нас константен целовит заклучок, суд, односно слика, што е секако прелест или илузија за конкретниот човек. Најчесто оваа илузија е проекција – сѐ што некој самиот го прави, обвинува друг дека го прави истото. Оваа прелест или илузија потоа го одредува целиот наш душевен пад и конечно го попречува нашиот премин од противприроден (религиозна невроза, растројство) во природен начин на живот.  

          Исто е и со Светото Предание. Се иззема дел од целината на Преданието и од него се прави цело, т.е. теоретска или ерес во пракса; па макар тој дел, изваден од целиот контекст, да се нарекува типик, или правило, или соборност, или Евхаристија, или аскеза, или Спасител, или што било друго најсвето. Цело е Црквата, како Богочовечки организам, како Тело Христово – чија Глава е Господ Исус Христос, ама онаква како што се живее и спознава преку исцелениот, т.е. просветлен ум, а не преку прехранетиот – со теоретски знаења, невротичен разум. 

           Истата тактика демонот ја користи во која било област од нашиот живот, посебно откако претходно ја одделил истата од целото – Црквата како Тело Христово: економската, здравствената, спортската, општествено-политичката, образовната, културната, научната итн. На пример, од целината на која било област го издвојува само делот профит и преку него нѐ принудува сите да ја живееме целата област. На тој начин која било од овие области почнува да функционира на наша штета. Да не наведувам конкретни примери, доволно сме паметни. 

           Уште еден актуелен и очебиен пример е дејствувањето на политичките партии. Самото име партија произлегува од латинскиот збор pars, partis, што значи дел, а не цело. Секоја партија тежнее да стане цело. Останатите партии се борат против таквата тенденција и на крајот сите како цело се губитници. Треба пример? А некои од нас, иако се мислат Христијани, уште и острастено учествуваат во сето тоа, наместо да го вршат делото на Црквата – да ги исцелуваат поделбите. Затоа и кога се причестувате – не се причестувате, оти Христос е сѐ, Христос е цело, а не дел.            Господи Исусе Христе, преку Богородица, исцели нѐ и спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная