логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 ✤✣✤

Безбожието се раѓа од лошиот живот и особено од немањето желба тој живот да се исправи. Во тоа бил убеден и големиот научник Блез Паскал (+ 1662), кога напишал: „Не прави обид да се убедуваш во вечните вистини преку многу докази на разумот, туку гледај да го намалиш своите страсти“.
Безбожникот не живее според Божјиот закон, туку според тоа што тој самиот го смета за добро. Тој ја следи не Божјата, туку својата сопствена волја и мисли дека има правилен став по било кое прашање во врска со светот, животот или светогледот. Тој живее според световните стихии, а не според Христа (Кол, 2,8). Него Евангелието не го интересира, но со задоволство обраќа внимание на дневниот хороскоп, на Ванѓа или Нострадамус и дури понекогаш со задоволство раскажува за „летачките чинии“ и „вонземјаните“, а може да верува и во соништа. Неговата затапена совест му потшепнува дека е морално одговорен за секоја своја постапка, но тој брза да се успокои дека сѐ што постои е тука на овој свет, дека сѐ што ја ограничува неговата слобода е штетна предрасуда со којашто треба да се избори.


За безбожникот верата е нешто тешко и малку сфатливо, дури и попречувачко за човечкиот прогрес и развој. И за да го оправда своето неверие, тој си измислува разни „основи“. Вели: „Верата ѝ противречи на науката!“ Но нели најголемите научници од минатото, па и сега, се луѓе верници! Њутн, Ломоносов, Пастор, Ајнштајн, Линеј, па дури и оној Дарвин, верувале во Бога.


Безбожието може да биде резултат исто така и на незнаење и простотија („Кој дошол од оној свет да каже како е таму?“), од полуученост и полуинтелигентност („Науката докажа дека не постои Бог!“), но и од омраза и злоба. Рускиот мисионер свештеник Виктор Недзелницки пишува: „Постои особена омраза кај оној кој го сака и признава ниското, долното, кон ној кој го бара и цени возвишеното: така на пример алкохоличарот го презира трезвениот човек; циникот и развратникот – девството и целомудрието; физичкиот работник – образованите, а поклоникот на материјалното – почитувачот на духовните вредности“. На ист начин воинствениот безбожник го презира верникот. Верникот за него е како едно огледало во кое тој јасно ја гледа својата духовна голотија и морална изобличеност. Интуитивно во присуство на верникот безбожникот согледува разобличувач на својата совест и молчалива опомена дека неговиот пат води до вечна погибел. Затоа безбожникот сака или сите да станат како него, или разобличувачите на неговата совест да бидат отстранети. Тука, во голема мера се гледа причината за сегашните и отсекогаш присутни во историјата гонења против христијанската вера.Безбожието е исто така и рамнодушност кон себе самиот. Најчесто безбожниците не сакаат да веруваат бидејќи Бог не ги интересира. Животот им тече навидум како подмачкано, нормално, тие си можат и без Бога. Тие работат, одмораат, јадат, спијат, гледаат телевизија, работат на компјутер, возат кола... воопшто живеат еден наполно нормален живот. Можат и книга да прочитаат, да појдат на концерт, да патуваат во странство... каков Бог е потребен во сето тоа? Е, најпосле, како и сите, остарува и безбожникот, доаѓа смртта и тоа е сѐ! Природен процес!


Треба да признаеме дека овој вид на безбожие – рамнодушното топло-ладно безбожие, е најжилавиот и најраспространет вид на безбожие во ова време. Се создава илузија дека денес човекот едноставно нема време да верува или не верува, дека тоа не е важно прашање во нашиот живот, дека на верата треба да се гледа како на еден додаток за којшто некои некогаш можат и да се заинтересираат. Крштевка на детето или внучето – о, зошто не! Венчавка во црква – прекрасна традиција! Опело на покојник во храм – трогателно! И со тоа се исцрпува сета пикантна гарнитура во животот наречена религија. Тоа пасивно безбожие, чиишто жртви не сакаат да се задлабочат во најважните прашања од човечкото постоење, го збунува секој разумен човек. Зарем не е важно човек да знае од каде е? Каде оди? Каква е смислата на неговиот живот? Но ако од верата во Бога или неверието во Него ни зависи целото наше постоење овде на земјата и во вечноста, зарем не треба да нѐ заинтересира тоа прашање?


Логиката на пасивниот безбожник е логика на медиокритетот, а вредносниот систем му е во потполност материјалистички, овде-онде гарниран со некаков идеал и душевна пристрасност. Кога животот му поминува лесно, тој плива во своите води, но во случај на беда и опасност, на несреќа е потполно беспомошен. Ако тој бил богат и нагло осиромашил, не гледа веќе смисла и понатаму да живее. Ако бил здрав и тешко се разболел паѓа во униние и целосно очајание. Ако бил славен меѓу луѓето, но го посрамиле, веќе ништо не може да го утеши... Пасивниот безбожник наликува на сиромав кого што го канат на богата трпеза, но тој седи долу под масата и ги собира паднатите трошки и во одговор на поканата тврди дека и така се чувствува прекрасно. Тој е како затвореник, осуден на смрт, којшто не размислува за својот близок крај, туку за тоа каква последна желба да си избере и како поцелосно да се наслади од неа. Тој ги затворил ушите со памукот на духовната рамнодушност за да не го слушне евангелскиот збор на Христа Животодавецот... Св. Јустин Попович вели: „Само ситните души не можат (бидејќи не сакаат) да се нурнат во божествените длабочини на светот и таму да ја најдат неговата божествена логика и идеја, и мисла и смисла. Површните паразити, тие постојано остануваат на површината на светот, и поради тоа не можат без светската прашина. Таа прашина им ги наполнила очите и тие не Го гледаат ниту Бога, ниту нешто Божјо. Го објавиле создаденото за прво и последно битие, за прв и последен живот, за прва и последна вистина. А тоа е идолопоклонство и извор на секое идолопоклонство, било да е тоа духовно или физичко“.

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная