Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (09.09.2019)
„Милостив Боже, Ти си вечната Премудрост и изворот на духовната светлина и на знаењето. Испрати ми ја благодатта на Твојот Свет Дух, за да се просветли мојот ум и моето срце, и да биде отстранета од мене секаква духовна мрзливост. Зашто, со Твојата благодатна помош полесно ќе го усвојувам полезното знаење, ќе го разбирам учењето што ни се предава, ќе бидам добар ученик, нема да се расејувам и нема да ги заборавам моите должности.