Од библиографија до агиографија
Светителите не се езотерични, вонземски битија, туку конкретни луѓе од крв и месо – прави, целовити и вистински личности – кои преку макотрпни деноноќни богочовечки подвизи човечката егзистенција ја издигнале на повисоко ниво на постоење. Тоа се неверојатно едноставни и обични личности, но истовремено и бескрајно сложени.