Подвижнички поуки на свети авва Доротеј
Има две смиренија, како што има и две гордости. Првата гордост е – кога некој го прекорува својот брат, го осудува и го понижува, како да не знае ништо, а себеси се смета за погоре од него. Таквиот, ако не дојде бргу на себеси и не се поправи, постепено доаѓа до втората гордост, која се гордее и спрема Самиот Бог и си ги припишува на себеси своите подвизи и добродетели, а не на Бога, како тој самиот да ги извршил, со помошта на своето знаење и со својот ум, а не со Божјата помош.