Скопје, н.Радишани,21.10.2017 год. - манастирска црква на св. Наум Охридски
Во рамки на одбележувањето на 50 годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија како Македонска православна црква, утре,на 22- ри октомври 2017 година, ќе биде осветена новата манастирска црква на св. Наум Охридски во скопската населба Радишани.
Во присуство на Архиепископот г.г. Стефан,одбележувањето отпочна со Вечерна богослужба на која чиноначалствуваше Епископот Климен во сослужение на свештенството од Скопска епархија, а ќе продолжи утре изутрина во 9 часот со чинот на осветување што ќе го извршат Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на архиереите на МПЦ-ОА, архимандритите, монасите и бројното свештенство од Скопската епархија,за потоа да се отслужи Божествена Литургија, и осветување на возобновените манастирски конаци и новата трпезарија.
[youtube height="350" width="650" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=tTYsodymGS0[/youtube]
Преминпортал (к.т/р.п)