Колку е драгоцено времето во денешново живеење! Секоја минута има голема вредност оти во текот на една минута можеме да размислуваме за многу работи, било добри или лоши. Една побожна помисла може да не издигне до небото, додека една ѓаволска помисла може да не фрли во пеколот. Гледаш ли колку е драгоцен секој миг на сегашното живеење!
Ние, за жал, не размислуваме за тоа, така што минутите, деновите и годините ни поминуваат бесполезно. Но дали само бесполезно? Колку штета сме претрпеле сите ние, а најнапред јас самиот, а да тоа и не сме го приметиле! Го сфаќаме тоа еден ден, кога нашата душа се подготвува да го напушти телото. За жал, тогаш е веќе доцна, оти веќе нема време за исправки! Тоа мораме да го сфатиме, додека уште можеме да го поставиме почетокот. Да го искористиме драгоценото време на сегашниот живот! Навистина е блажен оној кој ќе се присили себе си и го постави почетокот, оти еден ден ќе биде духовно богат.
Старец Ефрем Филотејски
На фотографијата: манастир Свети Антониј Велики - Аризона Америка
Избор од ФБ на: Николај Филотејски