Голем молитвенику пред Господа, подвижнику во смиреномудрието,
учител на монасите во трпението, \
Георгие оче наш преподобен,
застапи се пред Бога за верните
...Со Хистовите рани ние се исцеливме; така пророкот Божји прорече, и ние сега знаеме, дека неговото пророштво е вистинито.Со страданијата Христови ние се спасивме од вечните страданија; Со крвта Негова пречиста ние се очистивме од грубите гревови и оживеавме...
Не постои друг пат освен спасението, освен искрената исповед, за да се воспостави она што преку овие два бунта е изгубено. Враќањето кон Бога зависи од ова толку, колку што и во природните дисциплини е потребно строго вежбање. Нашето ослободување од насилството на беззаконието, кое поради нашата лоша постапка ни е наметнато како втора природа, не може да
Глас 2
Споменот на праведникот е со пофалби,
а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа,
Претечо, оти навистина се покажа
најпочитуван меѓу пророците,
Ако го доживееме Богојавлението одвнатре, ќе Го видиме Господа насекаде околу нас. Псалмопевецот вели „Небесата ја објавуваат славата на Бога, а за делата на рацете Негови возвестува сводот небески“ (Пс. 18,1). Ако начуеме одвнатре, јасно ќе видиме што лежи однадвор. Сетилата се ослободени и светската бучава ја губи својата сила врз нашите умови и срца, та Господ може да се открие Себеси пред нас сѐ повеќе и повеќе.
Иако, како луѓе, сите сме го примиле повикот за таа возвишена цел – да се соединиме со Бога, да станеме богови по благодат и да уживаме во големото блаженство за кое и нѐ создал нашиот Творец, ние често живееме како таа голема и највисока цел воопшто да не постои. Тогаш нашиот живот е претвора во неуспех.
Во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух. Каква среќа што ќе ми суди Бог, а не луѓето.
Амин.
Игумен Петар Миштеринов
Прославувајќи го Богојавлението ние се потсетуваме дека Бог им се покажа на луѓето како Троица и дека Исус му се јави на светот како Христос. Каде се јави Христос? Каде го започна Своето дело? Дали отиде во голем град и таму се јави во Својата слава?
Исаија говориː Измијте се, очистете се, лукавствата пред Господа оставете ги; вие жедните, појдете за жива вода, зашто Христос поросува со вода, обновувајќи ги оние што Му пристапуваат со вера и со Духот за вечен живот ги крштава.
Пророче, дојди при Мене, простри ја раката и веднаш крсти Ме.
И еве, Крштението Христово ни покажува дека Он дојде при нас, го зеде нашиот образ, за да го очисти, просветли и облагодати за ние полесно да дојдеме до Него. Он е Новиот Адам Кој сега повторно го отвора небото, од каде гласот на Отецот ја покажа, ја објави обожената човечка природа примена од Христа. Јавувањето, пак, на Светиот Дух во вид на незлобив и кроток гулаб, го објави крајот на потопот од гревот и почетокот на несфатливата милост Божја кон нас луѓето.
Кога во Јордан Те крштеваа Тебе Господи,
се покажа поклонувањето на Пресвета Троица:
Родителскиот глас сведочеше за Тебе,
именувајќи Те за Возљубен Син,
и Духот во вид на гулаб,
Кога читаме за божествените работи, може да разбереме нешто со разумот, ама сфаќаме или проникнуваме само со духовниот разум – со преобразениот и просветлен разум; а може да ни се открие и многу повеќе од тоа што е напишано, па дури и позадината на напишаното.
Богослужбите на овој ден го пресликуваат поредокот на навечерието на Рождеството Христово – Бадник. Се богослужат Царски часови, како и голема вечерна со Василиева Литургија. После входот со Евангелие и молитвата „Светлино тивка“ се читаат тринаесет паримии, затоа што во раната Црква токму на овој ден, и во овој дел од Литургијата
Значи, капењето е мал подвиг, мал чин на самопожртвуваност, што го правиме заради смирение. Да го смириш телото - и духот ќе ја најде слободата. Поздрав до сите што дојдоа кај Бога во едноставност и се потопија во водите на животот осветени од Господ. Тие, како што пишува во Светото Писмо, добиваат "повеќе отколку што даваат ..."
Факт е дека многу грешиме и никогаш не можеме да бидеме сигурни дали нашите гревови се простени или не. Затоа, пред почетокот на непрестајната молитва, пред отворањето на директен и јасен пат кон Бог, правилно е да се турка во сите врати. Впрочем, не знаеме која од нив ќе се отвори. Но, искуството на животот потврдува дека често се отвара онаа вратата за која ти не си размислувал.
Секоја твар е чувар на една мисла Божја; оттука секоја твар е мало Евангелие Божјо, бидејќи Го проповеда Бог, мислата Божја, бидејќи е неуморен гласник Божји. Неразорното јадро на секоја твар ја сочинува мислата Божја што е во неа, мислата на Божјата Мудрост, на Божјиот Логос. Оттука сѐ се стреми, сѐ гравитира кон Бог, кон Божјиот Логос, бидејќи со логосната суштина секое битие чезнее за Бог, копнее за Бог,
Но задолжително треба да бидат известени дека Богојавленскиот водосвет не ја заменува Божествената причест со Телото и Крвта Христови,
за која треба со покајание да се подготват, за да се ослободат од пречките на гревот,
та да се удостојат поскоро да се причестат.
Бог не љуби сите нас. Он е многу добар и им дава дожд и на праведните и на неправедните (Мат. 5,45). Он е Татко на сите нас и се грижи за сите. Само да се потрудиме да Го спознаеме и да го засакаме и ние и да станеме добри. Да Го засакате и ќе видите колку среќни ќе бидете.