„Значи, капењето е мал подвиг, мал чин на самопожртвуваност, што го правиме заради смирение. Да го смириш телото - и духот ќе ја најде слободата. Поздрав до сите што дојдоа кај Бога во едноставност и се потопија во водите на животот осветени од Господ. Тие, како што пишува во Светото Писмо, добиваат "повеќе отколку што даваат ..."
Свето Богојавление – Водици
19 јануари 2018 год.- Матка
"Свето Богојавление – Водици"
На 19 јануари 2018 година, кога Православната Црква го слави Крштението Господово – Богојавление, во женскиот манастир Успение на Пресвета Богородица, во Матка, отец Димитријевиќ Благе отслужи света Златоустова Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. После Литургијата на реката Треска беше извршен Голем Богојавленски водосвет. Малата Софија, стоички ги издржа студените води на осветената река и на нејзина неизмерна радост го фати крстот.Ова мило девојче уште на литијата трчкаше пред сите, како би стасала прва до реката. На сите ни причини голема радост и благодарност на Бог за можноста да го документираме прекрасниот настан.
Преминпортал (к.т.)