логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Bogohulenje

        Длабоко повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на Божествената Личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал, гласно повикуваме на јавно извинување од организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични случувања во иднина. Се сеќаваме дека кога во минатото токму на овој карневал се случи поигрување и со чувствата на верниците од исламска вероисповед, што предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија, се воспостави една своевидна практика да се избегнуваат маски со содржини коишто ќе предизвикуваат навреда кон верските чувства – нешто што како апел беше упатено и од општинската власт во Вевчани. Оттука, се прашуваме зошто, имајќи го предвид негативното искуство од минатото, сега некој решил да ги злоупотреби и христијанските симболи, и тоа на еден најпонижувачки и најнедостоинствен начин? Секако, според нас, поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд.

           По овој немил повод, би сакале повторно да напомнеме за карактерот на овие световни манифестации, со коишто на еден потполно туѓ на нашиот менталитет начин, се одбележува споменот на Св. Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар. Со оглед на тоа што ние веќе претходно дадовме еден коментар на тој нехристијански начин на славење, сметаме дека сега, кога ја празнуваме Новата Година, добро е повторно да се потсетиме на тој наш коментар, објавен на 31 јануари 2012 г.:

 Bogohulenje1

Има ли нешто заедничко помеѓу карневалот и Христијанството?

Низ сета своја историја, Православната Црква решително и непоколебливо се борела против душегубните остатоци од претхристијанските пагански обреди и пројави. Како плод на тоа, со тек на времето, во глобални рамки ваквите бесмислени пагански ритуали биле наполно искоренети, со исклучок на некои поизолирани средини, каде што тие некако едвај се одржале, но изгубиле речиси секакво … Продолжи со читање Има ли нешто заедничко помеѓу карневалот и Христијанството?
† Бигорски манастир

https://bigorski.org.mk/stavovi/reakcija-protiv-bogohulieto-na-vevchanskiot-karneval/?fbclid=IwAR0zBKKmQZemuydHvPJWGTKInBfEDE-ubghncrXP5fDvFEg6HuJYw2KilfQ

 

Друго:

Презвитер Бобан Митевски    

13.01.2024 год.

         Нашиов македонски контекст во некои случаи е многу интересна, до згрозување, појава: прво, навредуваш нешто што е свето на туѓинецот и со тоа демонстрираш сила, што е и простилок и невоспитаност, или она второто - немаш до толку себепочитување и уважување на својата традиција, што се навредуваш самиот и своето свето за повторно да демонстрираш некоја сила, но всушност покажуваш колку си празен и, простете ми, глуп.
             Издигаш знак на крст на возвишенија и ридови, а во исто време го бесчестиш на најдолен начин, преставувајќи го толку понижувачки - како сет од гајби. И, да биде светогрдието до крајна мера недостоинствено - ја споредуваш Христовата жртва, Христовото мачеништво по Via Dolorosa и тежината на гревовите на сиот свет кои Тој ги понесе за нас, со твојот “подвиг” во пијанството, или што и да е друго?
            Единствено што може сега да го испере барем малку вевчанскиот образ, е овие маскираните да излезат јавно со признателност за грешката и да се извинат со покајание. Не заради нас, туку заради самите нив, но и за Вевчани и вевчанци. За нивниот образ. Спротивно, толку нашироко распроструваните приказните за патриотското херојство и опстојувањето во верата и македонските традиции на тоа место и на тие луѓе, ќе е само бајка.
            п.с. Не сакајќи да ги девелвирам ни постапката ни однесувањето, секогаш ме поразува мислата: дали вакво нешто би можело да се случи и да се види во друга религија, на пример наша комшиска? Тука доаѓам и до поразителниот одговор дека вина носиме сите, а во прв ред треба да застанеме ние пастирите што го сееме семето на верата и ја сведочиме, а потоа и секој припадник на народецот кој се идентификува како православен христијанин.

 

Маран Ата

Драги Moe Vevcani,
Другпат пред да излезете јавно да префрлате некому за Православната вера, прво научете што е Православие, за да не се бламирате како сега. Тоа за ваше добро го велам, и да не ве залажуваат илјадниците лајкови што сте ги добиле. Тоа не се лајкови од историчари, теолози, академци и сл., туку од оние кои се раководат во животот по "така баба правеше" и "гатачката така ми рече", без да проверат дали е тоа добро за нивното психофизичко и духовно здравје. Се надевам дека сфаќате дека не може да се гордеете со такви лајкови.
Затоа што многу се засиливте дека го познавате Православието и ја исплукавте МПЦ која, според вас е цицалче во споредба со вашата нагрдена традиција, еве ви мал предизвик: историски да докажете како ваков ѕверски карневал е поврзан со Св. Василиј. И да потсетам "така баба ми рече" - не е историски доказ.
               Велите: "Маските што се присутни на карневалот се олицетворење на неубајната, со цел таа неубајна да се истерат, да избегат лошјот дух". На ова се надоврзува логично прашање: како може неубајната да се тера самата себе? Како може демон да истерува друг демон? Еве едно откритие на векот, кое го кажал Самиот Господ Исус Христос: демонот привлекува други демони, не ги изгонува. Па барем Светото Писмо прочитајте го за почеток, пред да се залетате против Православието.

Е сега нешто историски. Во вакви искривени "логики" верувале речиси сите народи пред да станат монолитни по вера. За тоа најмногу сочувани историски докази има во азиските земји, конкретно Јапонија, кои секој може ден денеска да ги види. Ова на сликава е нивен бог-демон. Вака изгледаат тие демони кои ги имаат по шинто храмовите и за кои веруваат дека истеруваат демони.
                 Со оглед на тоа што вие промовирате паганизам, најфер е ако отворено му кажете на народот дека карневалот е пагански и нема никаква врска со Св. Василиј кој бил против ваквиот паганизам. Најфер е ако кажете дека вашиот карневал фаворизира демони, а со тоа се исмева со Христос, со Православието, со МПЦ. Најфер е да му кажете на народот дека ако повикуваат демони за да истерат други демони, тие всушност ќе им се накотат дома и ќе им носат само зло, зашто демон не може да носи добро.
                И за крај, да прашам: вреди ли вашата "традиција" по цена на самоуништување?

 

 

Презвитер Бобан Митевски    

 TVIT1083

       Се сеќаваме на евангелската ситуација: кога Христос ги нарекуваше лицемери фарисеите поради нивното неискрено исполнување на старозаветниот закон и на верата, тие Го обвинуваа велејќи дека Тој чудотвори со силата на нечестивиот и дека е нарушител на Законот. Имено, тоа е оној синдром - кога разобличува очигледното, се посегнува по паушално и невистинито обвинување против другиот, за да се покрие сопствената грешка. Добро, современиот човек повеќе сака со чиста емотивност да поентира.
              Типичен потфат на лукав човек, кој не ја разбрал симбиозата (нераскинлива) која Христос ја претставува како дефиниција за човековото однесување: “бидете мудри како змии и незлобливи како гулаби”.
               Го сметам за неблагодарен одговор на некои од учесниците во Вевчанскиот карневал, кои очински повикани на поправање, решија да се “ритаат против бодилото” (алегорија на Вистината). Никој, возљубени, не вели дека вие намерно направивте осквернение, но суетата и надменоста, нѐ тераат, некогаш за нас неочигледно, кон недостоинствено однесување.
Малку за одговорот, кој за мене е целосно промашена и неадекватна аргументација:
- Вевчанскиот карневал бил стар 1400 години!?
                Се кажува ова со познатата паушалност, притоа без да се посочи барем една научна референца која го оправдува изнесениот податок. Не мора за тие 1400, барем за последниве триста. Да, може во тоа да помогне некој извор, посочен во научната литература, а кој говори за постоењето на селото уште пред Средновековието, па да се поврзе со овие 1400 години.
- Маската го отсликвела човекот верник како пијаница, а верниците не требало да се пијаници.
                      Сосем христијански е овој заклучок дека човек не треба да е пијаница, што во себе го сумира она дека човекот е слободен и не треба да робува на ништо. Но слободата не е за да правиме што сакаме, туку да го правиме соодветното, потребното, она што доликува на нашата богообразност. Како што вели апостолот: “сѐ ми е дозволено, но не ми е сѐ од полза” и “што ако и целиот свет го придобијам, а на душата своја ѝ напакостам”.
                     Маската НЕ прави да сме други, ние сме тие што сме и под маската. Затоа, каква врска имаат Христос и Крстот со Вашата немера да го посочите и разобличите пијанството? Крстот е алегорија за подвиг - но животот во пијанство не е подвиг, збор кој значи движење кон, движење напред, кон Бога, туку е робување (тежина) на страст. Ние велиме дека треба да се облечеме во Христа, да станеме како Христос, но тогаш не се маскираме, туку во себе го остваруваме образот по кој сме создадени, всушност стануваме тоа што сме и треба да бидеме. Вашево значи ли дека Христос, преку Кого го набљудувате секој човек, е пијаница? Дури и отците внимавале на терминологијата: го избраа ὑπόστασις наместо πρόσωπον, зашто ова второво се однесуваше на маските во театарот, па со тоа сакаа да избегнат секаква нереалност: Бог е Тој што е, и човекот треба да биде.
                     - Свети Васиља (Вевчански карневал)
Свештеното предание, историските собитија од Христијанството, ниту житието на светителот, апсолутно со ништо не даваат повод свети Василиј Велики да се изедначи со карневалска манифестација. Знам дека на чело на поворката го носите црковниот бајрак, но тоа не значи само по себе дека настанот е заради свети Василиј. А знаеме што е - некаква копија на некакви слични карневалии преземени од подалечното време, а кои биле од пагански происход. Ништо оригинално.
                   — Маските се олицетворение на неубајбата, со цел таа неубајна да избегат, да избегат лошјот дух.
Во евангелието Христос вели дека ако царството се раздели против себеси тоа не може да се одржи, па прашува: “Како може сатаната да изгонува сатана?” Така и кај Вас, со неубајната (алузија за злото) сакате да истерате неубајна? Која е логиката: па нечестивиот е таму, каде што царува темнината, каде се вршат неговите дела, каде владее неговиот дух. Но не е поенатата во ова, туку што има овој налик шамански обред врска со Христа и христијанството? Апсолутно никаква. Никаде во христијанската традиција нема вакво нешто, што е одлика на уплашен човек, кој во паганизмот делувал од својот страв, односно со непросветлениот разум: на сила, со физичко дејство да “ги брка” трагедиите, страдањата, болестите, смртта. Паганинот не знаеше за Воскресението, затоа се обидуваше со свои сили да ја победи смртта: градеше култови, фестивали, карневали, идоли, грандиозни градби…
                      Би сакал најдобронамерно да укажам, простете, ама ако продолжите со вакви шеги, шегобијствово па и не ви го бива баш. Се обидовте и со Куранот, ама оттогаш нема никогаш веќе да пробате. Се шегувавте со ерархијата, никој ништо не ви рече. Ама не можете и со Христа и со светото. Или потребата да има на карневалот некоја маска каде што ќе има и христијански симбол е за да се поврзе со Христијанството? А сѐ почна некако со муралот на најсветото место во Вевчани и оттаму продолжи со карневалот. Не сакам воопшто да поверувам дека може некаде, во православна Македонија, некој да се откаже од Христа заради Велзевул.
                  Да беше Ајнштајн жив, како сведок на ова, ќе заклучеше: “Суетата, инаетот, неразумноста и вселената се бесконечни. За последново уште не сум сигурен”.

 

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная