Хабаровска епархија: Мироточат 3 икони
Првата икона започна да мироточи на Митровденската задушница, тоа беше ликот на Спасителот, живописан во 2004 година. Оваа икона се наоѓа десно од царските двери. Мироточењето се појави во левиот дел од иконата, а за да се спречи претекувањето на мирото во основата на иконата беше вметнат памук. Следниот ден започна да мироточи малата икона на Св. Вмч и Исцелител Пантелејмон.