Ова е една приказна како треба цврсто да се држиме за заповедите Божји и во секое време и околкност неизоставно да ги исполнуваме.
Приказната тече вака:
Некој човек си спечалил 3 гроша и отишол во меана да јаде, и гледа дека сите зборат, само еден молчел. Кога прашал зошто молчи, му одговориле дека неговите зборови вредат злато. Па тој си рекол. Имам три гроша ќе го прашам да ми каже нешто мудро.
За првиот грош старецот му рекол: „Никогаш не суди“
За вториот грош му рекол: Никогаш не лажи
И за третиот : утрото е попаметено од ноќта
Одејки по пат сретнал некоја принцеза која влечела по неа некое дртаво магаре. Му дошло да го осуди магарето неножејки да прифати како може убавата принцезата баш него да го избери, ама се сетил на зборовите од старецот и не осудил.
Тоа магаре всушност бил некој принц кој се претварал сакајки да ги виде какви се неговите луѓе.
Бидејки и не го осудил, принцот му дал една торба злато.
По пат го сретнале разбојници и го прашале што носи во торбата, тој се сетил за втората поука од стариот им рекол дека носи злато и не излагал. Тие му се потсмевале како тој толку искинат може да носи торба злато, па не му поверувале и го пуштиле.
Вечерта кога стигнал дома ја видел силуетата на жена си со некој маж, му дошле лоши помисли, но се сетил и за третата поука дека утрото е попаметно од ноќта, не рекол ништо и со легнал. Утреден кога станал ја прашал жена си кој бил човекот таа му релка дека бил нејзиниот брат и му давала пушка да ги брани од разбојници и целиот случај завршил среќно.
Тоа е поуката од оваа приказна.
Најчесто велиме дека не сме направиле големи гревови, не сме убиле и сл., но многу потрагично е кога малку по малку правиме ситни гревови. Големиот грев прилега како камен, кој го гледаме и кога ќе ни попречи, можеме да го дигнеме и да го фрлиме, меѓутоа, ако имаме ”ситни“ гревчиња, затоа што Господ рекол дека се што е пишано во Евангелието, е Божја заповед и нашиот живот треба да го усогласиме со тоа, затоа што Исус Христос е Вистина, Љубов, Пат и Живот.
Извор: Прохор блог