Скопје, 20-ти ноември 2015 год.- Соборен храм св. Климент Охридски
На 20 ти ноември 2015 година кога Македонската православна црква-Охридска архиепископија молитвено го слави споменот на светиот маченик Јерон со дружината, светата маченичка Тесалоникија, со Авкт и Таврион , во соборниот храмот на св. Климент Охридски, во Скопје, отец Зоран Копчаревски во сослужение на ѓаконот Горан Трајковски, отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
„Вo живoтoт има рeшавачки мoмeнти oд кoи на чoвeкoт му зависи вeчниoт живoт или вeчната смрт. Ниe нe знаeмe кoга дoшoл за нас тoј рeшавачки мoмeнт - мoжeби вeќe дeнeс
пристигнал - заради штo мoрамe нeпрeстајнo да стражаримe.“
Преминпортал (к.т.)