Во сечесниот патријаршиски храм на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј ги прими на посета сите монаси и монахињи под духовно раководство на нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, од нашите четири манастири: Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино.
Во рамките на одбележувањето на 2021 – Година во чест на Блаже Конески по повод 100-годишнината од раѓањето, во свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите на 20.12.2021 година со почеток во 11:00 часот ќе се одржи Свечен собир во чест на Блаже Конески.
– Црквата нема да биде тоа што треба да биде во овој свет ако нема чувство за луѓето кои страдаат во овој свет. Исклучително е тажно да зборуваме за било каков вид страдање во семејството, во светата тајна брак, зошто Бог осмислил нашето спасение да се одвива во заедницата, рече меѓу другото викарниот епископ Стобиски г. Јаков.
Зашто денес за многумина црквата не е место каде животот би го положиле за Христа, туку е место за бегање од искушенијата барајќи преку нашиот наемнички однос со Бога награда за принесените молитви и дарови, награда за сите испостени денови, за сите запалени свеќи. Наградата ја замислуваме во вид на среќа и заштита од искушенијата и многу лагоден живот во кој парите ни даваат привидна сигурност.
Интернационалниот филмски фестивал „Богородичен покров“ има за цел да ги шири духовните, хумани и културни вредности и е единствен филмски фестивал од ваков жанр во нашата држава, но, и редок во регионот, кој годинава е online и се одржува од 11 до 26 декември оваа година, со реприза на програмата од 1 до 16 јануари, 2022 година.
„На 8.12.2021 година, денот во кој Црквата го прославува празникот на свети Климент Охридски, со благослов и присуство на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје се отслужи Архијерејска Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски, г.
Активирањето на благодатта со чинот на самото Свето Крштение редовно се случувало во првата Црква: кога луѓето се крштевале возрасни и кога пред тоа Крштение имало тригодишна подготовка. За време на подготовката катихумените биле подучувани во очистувањето на срцето од страстите и на дело го чистеле своето срце од страстите, така што, на крај, навистина Светата Тајна Крштение
Ниедно парче македонска земја не останало недокоснато од светоста и благодушието на Свети Климент. За македонскиот народ и за севкупниот словенски род тој се јави на Земјата како нов апостол, небесен пратеник на Христовиот есхатон; се покажа како новозаветен Авраам за множеството славјанско, како патријарх сесловенски; како наш праотец, кој роди духовни синови и ќерки повеќе отколку ѕвездите на
Затoа Свeтиoт Дух ги раздeлил дарoвитe и направил eдни апoстoли, други прoрoци, трeти благoвeсници, пастири и учитeли, та свeтиитe, oднoснo христијанитe, да сe усoвршат. Какo штo сe пoдeлeни чeста и службата вo eдeн дoм, та eдна чeст и служба имаат рoдитeлитe, друга чeст и служба имаат вoзраснитe синoви и ќeрки, трeта чeст и служба имаат малитe дeца и слугитe, нo ситe заeднo служат вo пoлза eдeн на друг, така и вo дoмoт Бoжји, вo свeтата Црква:
На 7.12.2021 година, во пресрет на празникот Свети Климент Охридски, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, чиноначалствуваше со Празничната вечерна богослужба во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Убеди ме во тоа со делата! А кои дела се тоа?
Ако здогледаш сиромав, подај му милостина.
Ако се најдеш со својот непријател, смири се со него.
Ако здогледаш на улица убаво лице, одврати го својот поглед од него.
На 6.12.2021 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, присуствуваше на Вечерната богослужба со која, по 54-ти пат, започна прославата на патрониот празник на Македонската православна богословија, „Свети Климент Охридски“. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше Неговото Вископреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а беа присутни и ректорот на Богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Европски г. Пимен, како и Епископот Полјански г. Јаков.
Но пак се обновивме со милосрдието на Човекољубецот Бог и на првиот рајски пат имаме многу наставници кои можат да нè воведат во првобитниот рај: покајанието, солзите и воздишките. Зашто покајанието е незаоден светилник на душата; преку него разбојникот, откако се просветли на крстот, во рајот се всели; преку него и блудницата, откако си го озари умот и го прими изворот на солзи, миејќи
·Пред сѐ, да ја допираме земјата со својата глава пред Него, а не да им се закануваме на нашите браќа со неа. Со своите очи да лееме солзи пред Него, а не со нечисти очи да гледаме на успехот на другите. Своите раце набожно да ги подигаме кон Него и да ги простираме за да даваме добар дар; не „да даваме овци, а да одземаме волови“; не „десеткратно да одземаме, а едно од две да даваме“.
Господ Исус Христос донел со Себе и претставил пред луѓето безбројни и незамисливи богатства небесни и ги поканил сите да земаат без мерка, јавно и слободно, но само под еден услов: најпрво да ја одлепат и разграничат својата душа од земните грижи и од трулежните земни блага. Некои ги послушале овие совети и се збогатиле и се збогатуваат; а некои не послушале, па останале