логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Во пресрет на промоцијата на нејзината најнова книга, „Две минути и четириесет реда“, со Александра Јуруковска разговараме за содржината на делото, за состојбите во медиумите, во книжевната критика, во културата, воопшто

Изминатата декада се затворија и исчезнаа медиуми, „културњаците“ станаа излишни, беа отпуштани, принудени да се откажат, да се преквалификуваат или да работат сè друго низ медиумите, освен култура. Дојде време кога нашите медиуми како да сфатија дека редакциите кои порано важеа за елита, расадник на идеи, на писменост, на добро познавање на правописот и правоговорот не се потребни, вели Александра Јуруковска, новинарка и книжевна критичарка, која годинава одбележува 20 години работа во медиумите. Во пресрет на промоцијата на нејзината најнова книга, „Две минути и четириесет реда“, со Јуруковска разговараме за содржината на делото, за состојбите во медиумите, во книжевната критика, во културата воопшто. Промоцијата е закажана за утревечер во 20 часот, пред платото на Младинскиот културен центар. За делото ќе зборува Соња Стојменска-Елзесер, а модератор ќе биде Јулијана Величковска од ПНВ Публикации.

Како се роди идејата за насловот?


– Спонтано. Насловот е техничко-симболичен и ги обединува двата дела на книгата. Првиот – „Две минути“ опфаќа книжевни критики, осврти и рецензии пишувани за радиото како медиум (За Македонското радио – Радио Скопје), радиокритика. Тие ја следат динамиката на еден радиоприлог и неговата просечна должина од 2 минути, колку што во тој период ми беше отстапувано за таквото претставување на литературата. Вториот дел „40 реда“ ја следи должината на новинската критика (за дневни весници, специјализирани списанија за култира, па и портали) кога „прочитот“ на книгата треба да се збие во текст од просечна должина од четириесет реда, што пак е приближно долго колку и текст читан за радио во токму две минути.

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Александра Јуруковска / Фото: Игор Тодоровски

Како ја конципиравте, што содржи содржи „Две минути и четириесет реда“?

– Двата дела се поделени на уште по два – „Две минути однадвор“ (за странски дела преведени на македонски јазик) и „Две минути однатре“ за дела од современи македонски автори. И вториот дел ја има истата структура – „Четириесет реда однадвор“ – за автори преведени и претставени на мекдонски јазик и „Четириесет реда однатре“ – критики и рецензии за наслови од современата македонска книжевна продукција главно од почетокот на 21 век.

Тешко ли е да се направи избор од тектови/прилози кога пред себе имате толку обемна продукција? По што се водевте во селекцијата?


– Многу тешко! Мислам дека не ни бев свесна за таа тежина додека не седнав да „касапам“ сè што не ми фаќаше око, а имаше многу, затоа што според мојата статистика, само за радио сум напишала околу двесте текста. Желба ми беше да имам што повеќе редови за македонски автори, тоа го сметам за свој долг кон македонскиот јазик, литература и култура. Дополнително се преиспитував себеси затоа што станува збор за текстови пишувани во долг временски период од 15 години. Некаде не си се допаѓав, некаде сметав дека перото не ми е зрело, дека текстот пишуван за радио „не звучи исто“ и во книга и слично. Најголемата помош ја имав од издавачот ПНВ Публикации и Јулијана Величковска, која е и уредник на книгата. Таа беше гласот што ми недостигаше за да знам кон каде одам. На секој автор му посакувам таков собеседник.

19042009

Александра Јуруковска (фото: Ирена Јурчева)

Новинарството се чини е придружна прoфесија на Вашето образование и работата како книжевен критичар. Како би ја опишале денес состојбата во двете сфери, и во новинарството и во книжевната критика?


– Со еден збор – хаотична. Посубјективно – деновиве кога се подготвувам за промоција, прославувам и еден не баш мал јубилеј – 20 години работа во медиуми, што е точно половина од мојот живот и никогаш не сум се чувствувала толку збунета. Патолошка е мојата љубов и кон двете професии од кои не се живее, а без кои еве и не умеам да живеам (ха, ха ха). Нивниот спој уште на самиот почеток ме однесе во „културното“ новинарство, па и по две децении јас се доживувам себеси исклучиво како новинар од културата, иако скоро и да не постојат медиуми со такви редакции, ниту пак новинари што можат да го живеат тој луксуз да го работат само тоа. Изминатата декада се затворија и исчезнаа медиуми, „културњаците“ станаа излишни, па и по децениско искуство беа отпуштани, принудени да се откажат, да се преквалификуваат или да работат сè друго низ медиумите, освен култура – да се снаоѓаат (фраза што ја презирам). Неколкумина ентузијасти се оставени сами на себе, со неподмладени редакции, па веќе и не верувам дека помладите колеги ќе сакаат да го работат ова.

19042009

Дојде време кога нашите медиуми како да сфатија дека редакциите кои порано важеа за елита, расадник на идеи, на писменост, на добро познавање на правописот и правоговорот не се потребни. Говориме за јадра на општата култура, мали академии за образованието и уметноста, па и сите сфери на едно мислечко општество. Ова е глобален тренд, но ние сме мала земја, сите се знаеме и поразувачка е помислата дека скоро никој никогаш не праша каде се тие луѓе, што прават, како живеат? Имам чувство дека за „културњаците“ не прашуваат ниту оние кои сме ги следеле со години, на чии испитни претстави, филмови, изложби, концерти сме аплаудирале, сме ги промовирале. Сме биле први слушатели или читатели на нивните уметнички или научни дела, пред нашите микрофони и диктафони прв пат јавно говореле, со нас ја надминувале тремата, во нас барале глас за секој проблем, со нас учеле концизно да се изразуваат… Живееме во време кога културата нема рејтинг, не носи читаност, гледаност, реклами, ја изедначуваат со залудно потрошен медиумски простор. Културата никогаш и не носела рејтинг, но се респекирала како влијание, а сега е сосема запоставена. Така е и на полето и на книжевоста и на критиката. Јас не познавам автор кој живее исклучиво само од пишување, па сакале или не, повторно доаѓаме до моментот на снаоѓање…

Мојата главна теза на која работа и истражувам со години е дека сме култура (земја) на која не ѝ е потребна култура. Вториот дел од тезата е дека не постои земја, народ, општество, култура која опстоила без висока почит кон културата. За среќа кај нас има индивидуалци, поединечни иницијативи и истрајност, Дон Кихоти во двете сфери. Нивната посветеност, наоѓањето нови начини (медиуми, канали, форми) ми дава надеж дека битката со ветерниците продолжува.

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel



Александра Јуруковска и Александар Прокопиев (Фото: Игор Тодоровски)

Колку издавачите имаат интерес за ваков тип на изданија и во што е нивната најголема вредност?


– Не е тешко да најдеш издавач, колку што е тешко да најдеш читател. Поврзано со претходниот одговор: имаме голема книжевна продукција, во кванититетот има и доста квалитет, но немаме читатели, а уште помалку критичари. Македонската литература може да се пофали со одлични автори и дела, на кои им треба пласман и глас. Ние не се читаме доволно меѓу себе. Понекогаш ми се чини дека не читаат ниту самите автори, ниту оние чија работа е токму тоа – научници, професори, истражувачи. Критиката е сведена само на периодика, на неколку специјализирани списанија со мал тираж, обично поделени на редакцијата и застапените автори и толку. Ова повторно нè враќа кон видливоста на критиката и книжевноста воопшто. Книжевникот во мене верува во судот на времето, дека она што го оставаме е некаква трага за тие по нас. Авторот во мене (ќе) е среќен ако таа трага однела макар и еден читател на вистинскот место (автор, наслов, издавач, преведувач). „Две минути и четириесет реда“ може да биде скромен индекс или скромен, далеку од целосен, пресек на тоа што се пишувало и што се преведувало во првите години на 21 век во Македонија.

Насловна фотографија: Радован Вујовиќ

 

 Извор:

https://umno.mk/%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BC-%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D1%88%D0%BA%D0%B0-%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%BE%D0%B2-%D0%BA%D0%BE%D0%BD-%D0%B4%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%84%D0%B5%D1%81/

 

 

Друго:

https://www.google.com/search?q=%D0%90%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D1%80%D0%B0+%D0%88%D1%83%D1%80%D1%83%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0+-%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BC%D0%BD%D0%B8&tbm=isch&chips=q:%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D1%80%D0%B0+%D1%98%D1%83%D1%80%D1%83%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0+-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BC%D0%BD%D0%B8,online_chips:%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B8%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%82+%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B0:x_b2EoFCqXA%3D&client=firefox-b-d&hl=en&sa=X&ved=2ahUKEwik0Mf5idD0AhXVQOUKHXi2BX4Q4lYoAXoECAEQEw&biw=1165&bih=504

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1887
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2394
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная