На денешен ден, пред 150 години, во македонското семејство Делчеви, во Кукуш, се родил идниот учител, идеолог, организатор, стратег, револуционер и војвода, се родил великиот син на Македонија, се родил Гоце! И еве, по повод неговиот роденден, дојдовме молитвено да го одбележиме денот на неговото раѓање (поклонувајќи се пред неговото избрано почивалиште, за кое и самиот оставил аманет – кога ќе почине неговиот гроб да му биде во престолнината доколку се оствари слободна Македонија);
Ние не сме како православците од старите времиња.Сега повеќе намаме сили. И за нас постои само еден пат а тоа е смирението.Јас на секого му кажувам, како еден Отец мене ми кажа: Секогаш кога ќе влезам во Црква, јас треба да мислам како сите во таа Црква се подобри од колку јас самиот. Исто така треба да зборувам кратки молитви во мојот ум.„Господе прати ми го покајанието.“
Бидете издржливи во борбите и во вашиот подвиг на послушноста, во вашата маченичка послушност, па така, минувајќи ден по ден, од вашиот земен живот, ќе ја збогатите вашата душа со добродетели, кои ќе бидат залог за царството небесно, и ќе ги придобиете ветените и неискажливи блага. Божјиот пат е тесен и мачен, но широка и голема е радоста што нѐ очекува.
Милoсрдиeтo oтсeкoгаш билo oдлика на вистинскитe пастири на Христoвoтo стадo. Св. Јoван Златoуст вo свoитe славни бeсeди ништo тoлку силнo нe нагласувал и нe фалeл какo милoсрдиeтo. Св. Јoван Милoстиви, патријарх Алeксандриски, плачeл сeкoј дeн кoга нeмал мoжнoст да пружи нeкoму.
Колку е важно да се гледа во иднината? Да веруваме и да се надеваме на најдоброто што сè уште не дошло, но ќе дојде. Не дозволувајте минатото да ве проголта, туку речете дека „со Божја помош“ се ќе оди кон добро. Ништо не завршило вчера, се почнува одново утре. „Вака живеел познатиот пророк на Црквата,
„Твоите земни желби престанаа, себлажен апостоле, зашто си ја достигнал крајната убавина, постојано озаруван јасно од светлината на Света Троица, и сега пееш, веселејќи се: Сето создание да Го благословува Господа, и да Го превозноси во сите векови“ (песна од канонот на Утрена на св. ап. Тимотеј).
Вистински се зборовите на Господа. Во духовниот живот напредуваат само оние, кои според Господовата заповед, потполно се откажале од себе си, ги намразиле сите телесни желби, врски, разоноди, задоволства и уживања, и пред своите духовни очи Го имаат само Единиот Господ и сакаат да ги извршуваат Неговите заповеди.
Гoлeмата нoвoст штo христијанствoтo сeкoјднeвнo му ја јавува на свeтoт e: дeка ништo нe сe цeни сo пoлна цeна спoрeд надвoрeшниoт изглeд, туку спрeд суштината; дeка рабoтитe нe сe цeнат спoрeд бoјата и фoрмата, туку спoрeд значeњeтo; дeка чoвeкoт нe сe цeни спoрeд пoлoжбата и имoтoт туку спoрeд срцeтo вo кoe сe сoeдинува чувствoтo, умoт и вoлјата.
Сакај ги повеќе прекорот и навредите, отколку почитувањето и честа; сакај го повеќе уморот на телото и недостатокот на потребни работи отколку вишокот на излишните.
Кога си во црква не мисли на световните работи, ниту за тоа како ќе ги уредиш своите земни работи.
Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн: тoј e врeдeн рабoтник на ѓавoлoт. Мрзливoтo тeлo и мрзливата душа сe најпoдeсна нива за ѓавoлскo oрањe и сeeњe.
Антoниј Вeлики вeли:
На самиот крај на споредниот пат за Александрија имаше работилница. Стар чевлар со обичен изглед, едноставен и не многу зборлест, држеше во рацете чевел и внимателно го крпеше.
„Благослови“, му рече чевларот на скромниот монах.
„Бог да те благослови“, исто така едноставно одговори Антониј Велики.
Пред сѐ, треба да знаеме дека демоните не се создадени во таква состојба, поради која се нарекуваат демони, зашто Бог не создал ништо лошо. И тие биле создадени добри, но паднале од небесното мудрување и сега се вртат околу земјата. Тие ги измамиле Елините со привиденија, а нас христијаните ни завидуваат и прават сѐ што можат за да ни попречуваат да се издигнуваме на небото; за да не се издигнеме ние таму,
Проподобниот отец Прохор Пчински, подвизувајќи се со добар подвиг во Нагоричанската и Козјачката пустина, се родил за време на царувањето на цар Диоген. Родителите на светиот Прохор, Јован и Ана, побожно живееле во Овчеполскиот крај. Тие биле натажени луѓе, бидејќи долго време немале деца.
Христос не сака да не исцели без да не научи како да бидеме здрави. А за тоа е потребен труд, трпение и пред се време. Поентата не е да се исцелиме во одреден случај или да се надмине одредена препрека во нашиот живот, туку да научиме да живееме прекрасно и целосно. Да живееме, а не да преживуваме.
***