Скопје, 29ти јануари 2022 лето Господово- храм Рождетво на Пресвета Богородица
Тропар на поклонението на
Чесните вериги на Светиот
Апостол Петар
16 јануари / 29 јануари
Не оставајќи го Рим при нас си дошол,
со чесните вериги што си ги носел,
првопрестолен меѓу апостолите.
Ним со вера поклонувајќи им се
ти се молиме: по твоите кон Бога молитви,
дарувај ни голема милост.
На празникот на
† Чесни вериги на св. ап. Петар; св. Ромил Видински
Во 31недела по Педесетница (по Богојавление), на 29ти јануари 2022 година, кога Македонстата православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на † Чесни вериги на св. ап. Петар; св. Ромил Видински, во храмот на Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, ереј Спасе Таковски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот произнесе беседа од денешното житие.
Од Верскиот календар:
Чесни вериги на Светиот апостол Петар
Овој ден се споменува заради веригите во коишто беше окован од беззакониот Ирод и кои при појавата на ангелот во затворот паднаа од него (Дела 12, 7). Овие вериги христијаните ги чуваа колку заради споменот на великиот апостол толку и заради нивната исцелителна моќ, зашто мнозина болни се исцелуваа допирајќи се до нив (како од ризата на апостолот Павле; Дела 19, 12). Ерусалимскиот патријарх Св. Јувенал овие вериги ѝ ги даде на царицата Евдокија, прогонетата жена на царот Теодосиј Помладиот, а таа ги преполови и едната половина ѝ ја испрати на црквата на Светите апостоли во Цариград, а другата на својата ќерка, царицата Евдоксија, жената на Валентијан во Рим. Евдоксија му изгради црква на Св. апостол Петар и во неа ги положи овие вериги заедно со оние во коишто апостолот беше окован пред да најде смрт од царот Нерон.
Преминпортал (к.т.)
Друго: