Ѓакон Валериј Духанин - Оковите на страстите и како да се ослободиме од нив (I дел)
Во духовниот живот на секој христијанин постои една јасна, би рекле очигледна задача – искоренување на гревовните страсти. Не можеме и да Му се служиме на Бога, и да бидеме предадени на гревовните навики. Според зборовите на Св. Игнатиј Брјанчанинов „кога страстите ќе завладеат со човекот, тогаш умот лишен од своето владеење, сервилно им служи на себеугодливите и поробувачки страсти, во исполнувањето на нивните лукави, чудни и гревовни потреби“.