✣✤✣
Покој ни е ветен во идниот век, а тука на земјата труд и искушение. "Блажен е оној човек кој трпи искушение" (Јак.1.12).
(Преподобен Мојсеј Оптински)
✣✤✣
Раздразливоста се исцелува преку општење со ближните и преку претрпување на навреди, а не преку осамување,а во случај кога раздразливоста победува - преку осознавање на сопствената немоќ и смирување.
(Преподобен Лев Оптински)
✣✤✣
Кога те укоруваат, ако можеш да поднесеш истрпи, ако не можеш - одговори тихо.
(Преподобен Анатолиј Оптински)
✣✤✣
Против мрзливоста - бодрост и страв Божји.
(Преподобен Макариј Оптински)
✣✤✣
Колку е добро да ја пресретнеш смртта со молитва! Затоа треба да се навикнуваш на неа додека си здрав.
(Преподобен Никон Оптински)
Оптински Цветник
Превод од руски: Агапиј Тивериополски
Избор од фејсбук страната на Агапиј