Скопје- храм Рождество на Пресвета Богородица
Казна и награда! И двeтe сe вo Бoжји рацe. Нo какo штo oвoј зeмeн живoт e самo сeнка на вистинскиoт живoт на нeбeсата, така казната и наградата oвдe на зeмјата сe самo сeнка на вистинската казна и награда вo вeчнoста.
На 26.11.2015 година, во дваесет ичетвртата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква-Охридска архиепископија го прославува споменот на Свети Јован Златоуст , во храмот Рождество на Пресвета Богородица, ереј Спасе Таковски во сослужение на ѓаконот Методиј Митановски отслужи Божествена Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.